Според неофицијални податоци, демонстрантите запалиле една зграда во центарот на Солун, на булеварот на армијата (Страту). Во зградата живееле левичари и анархисти во комуна. Според неофицијалните извори, целта на подметнувањето на овој пожар е да се заплашат левичарите да протестираат во полза на компромисно решение на спорот со името. Не е познато дали има жртви од пожарот.
Фотографија: Костас Цакалидис
(агенција SOOC)
Преземање на оваа фотографија не е дозволено.