• Latest

ДКСК отвори предмет за Груби, предлогот за заедница на албански општини не е прифатлив, Скопје без пречистителна станица

February 27, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДКСК отвори предмет за Груби, предлогот за заедница на албански општини не е прифатлив, Скопје без пречистителна станица

February 27, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Антикорупциска отвори предмет за првиот вицепремиер Артан Груби

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Предлогот за заедница на албански општини е несериозен и неприфатлив

„Односите во нашата држава се решени со Охридски рамковен договор кој го потпишаа претставници на сите политички партии – и на Македонците, и на Албанците, за кој гаранција се САД и Европската Унија. Врз основа на тој Охридски рамковен договор, Северна Македонија денес претставува пример за соживот и остварување на правата на сите етнички заедници во државата и врз негова основа во нашата држава се изградени институции за заштита и унапредување на правата на помалите заедници на највисоко ниво споредено со сите други држави во Европа“, изјави премиерот Ковачевски, како одговор на барањето на Алтернатива за формирање Заедница на општини со албанско мнозинство во Северна Македонија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА  „Сè уште е во тек постапката чија динамика беше успорена поради ревидирање, кое следеше по разрешувањето на Златко Перински. За исходот од постапките благовремено ќе ве известиме“, одговорија од Град Скопје, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа кога може да се очекува потпишувањето на договорот за Пречистителна станица Скопје и на што се должи одолговлекувањето на целиот процес.

ЕКОНОМИЈА Битиќи од Брисел: Како главен координатор на Кластер 2 – Внатрешен пазар ве уверувам во нашата максимална заложба кон исполнување на препораките од извештајот на ЕК.

МЕМОРАНДУМ Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа Меморандум за разбирање.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руска пропаганда

Руската пропаганда создаде лажна сметка на TikTok, наводно управувана од украинската војска.

На една од руските пропагандни ТВ емисии беше прикажано видео на кое наводно украински војници фрлаат пикадо кон портретот на врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни.

Украинските образовни институции на мета на руските лажни наративи

На мета на лажните објави на проруските Телеграм канали, освен воениот и политички врв на Украина и украинските вооружените сили, сега се и украинските образовни институции.

ИЗБОР (АЛБАНСКИ МЕДИУМИ)

Скандалот со поранешниот шеф на ЦИА, Мекгонигал, предизвика „војна“ помеѓу американскиот Конгрес и владата, а според престижниот медиум Блумберг, постои реална можност да биде разрешен шефот на Министерството за правда. Во Брисел денеска е најавена средба помеѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, на која, според медиумите, се очекува почеток на разрешницата за договор помеѓу двете земји.

Ова се само дел од темите, од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

УКРАИНА: ГОДИНА НА ХЕРОИЗМОТ

Пендаровски: Храброста на Украинците е потврда дека оружјето на агресорот не е посилно од вербата во слобода

Џафери од Конференцијата, „Украина – година на хероизмот“: Сите заедно, онолку колку можеме, онака како можеме даваме поддршка за Украина и украинскиот народ

Маричиќ: Украина е единствена земја што жртвуваше повеќе од Северна Македонија за обезбедување на европска иднина

Петровска: Се враќам од Украина охрабрена дека земјата ќе победи

Амбасадорката Дир: Украинските бранители ја имаат силата на духот што принуди многумина во светот да ги преиспитаат заедничките вредности во целина

Тосевски: Во еден момент војната ќе заврши, ќе се обнови инфраструктурата, ќе се обноват куќите; но, жртвите на оваа бесмислена агресија заслужуваат повеќе – тие заслужуваат правда

Амбасадорот Гир: ЕУ работи со Западен Балкан за да го намали негативното влијание што произлегува од руската војна врз Украина во однос на економијата, енергијата и безбедноста на храната

Мејер: На лидерите на Северна Македонија им изразувам благодарност во името на САД за заложбата во борбата против руската агресија

Амбасадорката Аксинте: Ова не  е само војна на Украина туку и војна против нашите вредности, слобода, нашите демократски заедници

Амбасадорот Река: Една година помина од нападот на руската војска врз слободата на Украина, тоа е една долга година и сите посакувавме да не мора да бидеме денеска овде

Смит: Путин длабоко го потцени меѓународното заедништво кое испрати силна поддршка за Украина

Оцука: Ние најостро ја осудуваме неиспровоцираната брутална и агресивна војна на руската влада против Украина

Грамсон: Руската агресија е повеќе од напад врз Украина и нејзиниот народ, тоа е напад врз секоја земја

АНАЛИЗА

И за „Сенки“ Милчо Манчевски не доставил финансиски извештај, а потрошил речиси 20.000 евра за рекламирање

„Откако ЦИВИЛ Медиа објави дека сеуште не е затворен финансискиот извештај за „Мајки“,( поточно дека и покрај барањата на Агенцијата за филм да се достави конечен финансиски извештај, сепак до денес таквиот не е затворен), редакцијата дојде до документи кои покажуваат дека режисерот Манчевски и за парите кои ги добил од тогашниот Филмски фонд за филмот „Сенки“, до денеска  до Агенција за филм не доставил финансиски извештај за потрошените средства.“, извадок од анализата – продолжение на темата „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?“, од Соња Танеска.

Д. Тахири

 

 

Tags: „Украина – година на хероизмот“ГрубиДКСКДневникзаеднициКовачевскиполитикапречистителна станица
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ