• Latest
Добро утро со Орданоски

На солзите на Плачкото никој не им верува

October 24, 2017

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

На солзите на Плачкото никој не им верува

October 24, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Г[/dropcap]о одгледавме Грујо со интервју на ТВ Алфа: пак наместено интервју, пак листови со напишани (лоши) одговори (па чита, пелтечи, д’тка, а камерата кадрира крупно, од 15 метри оддалеченост, за да не се види дека чита), пак целиот свет е виновен за тоа што му дошол крај на деспотската кариера и пак, можеби намерно, „восочен“ новинар кој во разговорот покажува помала професионална енергија и љубопитност од оние два полумртви коњи што некни ги враќаа во живот кај Водњанска…

Тезите од интервјуто потоа само се повторија и во неговиот вчерашен говор во Штип.

„Првичната анализа“ на Грујо (оти ќе следувала и „длабинска анализа“!) е дека СДСМ ги наместила изборите со главна улога на МВРО-СДСМО. На меѓународните посматрачи (бидејќи се работи за меѓународен заговор, во кој учествувале сите светски центри на западната, демократска моќ, тој да падне од власт!) „од очите им се гледало“ (ова во интервјуто го повтори два пати) дека не мислеле ништо да преземат во врска со тоа. Во интервјуто три пати повтори (а потоа и во Штип) дека се работело за „африкански избори“.

Добро, што вели Заев, кој губи има право да се лути. Сепак, не е незанимливо да се види како плаче Груевски, бидејќи тоа ги објаснува следните чекори во процесот на потполното заминување на Фамилијата од македонската политичка сцена. Еве неколку забелешки…

Прво, за потребите на портретирањето на македонскиот популизам, пред повеќе години сум анализирал десетици говори и интервјуа на Груевски. Во квантитативните мерења, еден од најупотребуваните зборови секогаш му бил зборот „народ“ (тој често го употребува како синоним на „граѓани“, но тоа сега не е важно) – неговите, најчесто здодевни говоранции секогаш биле, памтите, преплавени со народот, народот, па народот… Е, сега, гледате, во интервјуто на ТВ Алфа, со должина од цели 48 минути и 52 секунди (во кои новинарот зборува во тие 52 секунди!), Груевски зборот „народ“ го употреби само 5 пати! За сметка на тоа, различните граматички изведеници од зборот „поткуп“ го употреби 21 пат; 15 пати „застрашување/притисоци“; зборот „закана“ 14 пати; „уцени“ 5 пати и тн.

Со други зборови, да скратам, кога губи избори, популистот не може да сфати дека тоа може да е заради фактот што му доку… се извинувам, што му дошол преку глава на „народот“, туку тоа мора да е резултат на таков страшен и голем заговор во кој поткупувањата, заканите, уцените – теророт, општо земено – политички му пресудиле.

Тоа, дека наводно насилно е симнат од власт, да немате никакво сомневање, ќе биде главната поента на „длабинската анализа“ што ќе ја направи Груевски, ако за тоа му остават доволно време во партијата.

Втора важна забелешка е онаа констатација дека на локалните избори ВМРО „отстапила од сопствениот идентитет“, во обид „да им се допаднат на некои други гласачи“, а не на своите традиционални поддржувачи. Значи, Грујо сака да каже дека во кампањата недоволно поттикнуваа на омраза кон Шиптарите, кон сите други политички противници, кон соседите, кон имагинарните мигранти, кон демократијата како таква – и тој сменет „сопствен идентитет“, според „првичната анализа“, им одлеала голема гласачка поддршка… Кога не би било трагично, би било за плачење.

Трето, ако успеете да се пробиете низ густата, но плиткоумна политичка демагогија којашто – на задоволство на присутниот новинар-ќутолог – превладува низ целото интервју, во која Грујо тешко ги прикрива омразите кон „инаквите“ (од Албанците, до хомосексуалците), лесно се забележува од што е преплашен нашиот тазе упокоен Голем Лидер: од судските процеси за собраниското насилство на 27 април; и од повторното обновување на судењето за трагедијата на Смилковското езеро. Кога го слушате тој наплив на политичка патетика, релативизирањето и искривувањето на самите факти во тоа интервју, на човекот како да му е јасно дека за тие два настани – наебал! Тој самиот, всушност, признава дека истрагата и во двата случаи ќе дојде до него, па вели, еве, веднаш апсете ме мене, не ги малтретирајте македонските патриоти… Тој никогаш не разбра дека смислата на правната држава е, пред да го уапсат, да се докаже секој аспект и детал од тие два грозоморни настани. А Шутка, секако, не му гине.

Ох, па потоа неколку легендарни изјави – на пример: „Погледнете на што личи сега Сител! Со сопственик којшто е под притисок, под уцена! Да не зборувам, пак, за Канал 5!!!“ (тука мавта со раката како светот да завршил!)… Или дека за изборите биле употребени цели пирамиди на „дилери на дрога, од шефот па надолу“… па: „Да не дозволиме (создавање на) апсолутна власт во државата“… Ха-ха-ха!

За крај, неговото тврдење дека поседуваат информации оти во неговата партија „целото раководство, над 100 луѓе, се прислушувани во минатиот период“. За ова тврдење не би се изненадил Груевски е во право, бидејќи верувам дека отприлика тоа, на чело со него, е бројот на луѓето од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои, во секоја политичка, морална и материјална смисла на зборот, учествуваа во епохалното пљачкосување и уривање на Македонија. И очекувам сите 100+ прислушувани да бидат правно процесирани.

За да му стане јасно на Груевски, низ таа „длабинска анализа“, зошто ги изгуби изборите.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Монструм“27 априлвмроВМРО-ДПМНЕГруевскизаканизаплашувањеизбориинтервјуКанал 5МВРмигрантипатриотиплачкопоразпоткуппритисоциСДСМСителСЈОСмилковско езероСобраниесолзиТВ АлфаШтип
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ