• Latest

Николовски и Тренчевска: За првпат преодно решение за надомест за породилно за жените земјоделки, се очекува и системско решение

March 10, 2023
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски и Тренчевска: За првпат преодно решение за надомест за породилно за жените земјоделки, се очекува и системско решение

March 10, 2023 19:23
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жените земјоделки кои родиле од декември минатата до крајот на оваа година ќе добиваат по 81 000 денари за девет месеци. Тоа е привремената мерка на Министерството за земјоделство што се реализира и има обезбедено средства, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство. Тој заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и со Васка Мојсковска, претседателката на Националната федерација на фармери беа на трибина во општина Кривогаштани во Прилепско каде денеска беше презентирана Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност и поддршките наменети за земјоделките преку Програмата за финансиска поддршка за рурален развој 2023 година, пренесува МИА.

Според Министерот Николовски ова преодно решение треба да биде вовед во системско.

-По толку време е најдено преодно решение. Спроведуваме програма која за првпат се носи. Со оваа програма даваме можност на сите жени – земјоделки кои се регистрирани според законот за пензиско осигурување од оваа година, односно жените-земјоделки кои ќе родат, а тоа важи од 11 декември 2022 до 1 декември 2023 година ќе се стекнат со истото право од еднократен надомест од 81 000 денари, како што го имаат тоа право и другите жени кои работат и чии права се регулирани според Законот за работни односи. Ние, заедно со вас, направивме преодно решение и верувам дека оваа година ќе се најде системското решение со другите институции.  Но, еве, ова е прва година, за првпат дека и жените-земјоделки ќе имаат платено мајчинство, издвоени се средства и ќе добијат во вкупен износ од 81 000 денари, рече Николовски.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска нагласува дека од 2019 година се работи да се изнајде решението да биде системско,  меркатаќе го зголеми наталитетот и мотивот за работа на жените-земјоделки.

-Со Федерацијата почнавме од 2019 година да работиме да најдеме решение за и жените земјоделки да имааат исти права како и другите жени кои работат, а тоа е правото на породилно отсуство, правото на мајчинство. Дојдовме до ова решение што го даде Министерството за земјоделство. Најдовме привремено решение, преку програма на -Министерството за земјоделство да може да ги видиме бенефитите од ова привремено решение. Не престануваме и заедно со Националната федерација  продолжуваме да работиме за изнаоѓање системско решение. Да не биде во програма, да биде во закон кој ќе овозможи, од една страна, да не ги дискриминираме младите жени земјоделки, а од друга страна,една ваква мерка е одлична за зголемување на наталитетот. Сега овозможуваме надомест, всушност економско зајакнување за жените кои се породолиле, зашто во период од девет месеци од оваа програма ќе земааат надомест. Како Министерство ќе продолжиме да работиме за подобрување на положбата на жените, на сите жени во државава. Тоа е и целта на нашата кампања „Гласна и храбра“. Да помогнеме и да допреме до жените со попреченост, до жените жртви на насилство, до жените од руралните средини, до жените во секторот безбедност, до жените во здравството, до жените работнички во текстилната индустрија. да поразговараме, да ги слушнеме мислењата, потребит еи интересите и врз основа на тоа да можеме да ги креираме идните политики, рече Тренчевска.

Васка Мојсовска, претседателка на  Националната федерација на фармери нагласи дека ќе инсистираат и на платеното боледување за земјоделците.

– Добро е што сме поддржани од надлежните институции за унапредување на положбата, особено, на жената-земјоделка. ќе продолжиме да работиме оваа мерка на Министерството за земјоделство да биде дел од закон за трајно решение. Да се најде соодветно решение и за боледувањето на регистрираните земјоделци, преку продолжување на работата на координативната група, смета Мојсовска.

Министерството за земјоделство  најавува и грантовска поддршка на малите земјоделски стопанства и на традиционалното и најбитно производство на храна. Огласите се објавени. Ги поддржува клучните 25 производи за развој на земјоделскостопанскиот развој.

-Вчера е објавена уште една нова програма, а тоа е Финансиска поддршка на мали производители на храна. Ги олеснивме сите услови за да може многу лесно да се регистрираат сите физички и правни лица и од оваа година, за првпат даваме финансиска поддршка за производителите на храна, од животинско и од растително потекло. Објавени се двата јавни повици за грантови за финансиска поддршка или грантови од 10 000 евра за сите регистрирани мали оператори со храна, евидентирани или регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство за опрема за проширување и зголемување на производството, за капацитетите и можност легално да ги продаваат производите од фарма, нешто што не беше возможно во претходниот период. Во последните 30 дена нашите тимови одржаа обуки со сите советници во населените места. Програмата за рурален развој е напредна. Ќе финансираме финален производ, производ кој се бара на светските пазари. Затоа избравме 25 производи кои се најбарани и најзначајни од нашето поднебје и ги финансираме, рече во кривогаштани министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Сите досегашни мерки се причина за три години за 5000 да се зголеми бројот на жени регистрирани носителки на земјоделски стопанства. Според податоците, ако во 2018 година имало 24 321 носителка на земјоделско стопанство регистрирана во Единствениот регистер и со сите програми и мерки, на крајот од 2022 година се 29 111 регистрирани носителки на земјоделски стопанства.

Tags: жени земјоделкиНиколовскиПрилепПрограмата за финансиска поддршка за рурален развој 2023 годинарешениеТренчевска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ