• Latest

Нухиу најави оставка и побара одговорност од Чавков!

April 28, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Нухиу најави оставка и побара одговорност од Чавков!

April 28, 2017 15:43
in Uncategorized, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Чувствувам морална одговорност што во овие четири месеци, колку што сум министер, не успеав да го тргнам влијанието на политичките структури во МВР и затоа ќе барам мое повлекување. Но, ве уверувам дека ќе направам сѐ за создавање услови за мирен трансфер на власта. Ќе барам кривична и морална одговорност од раководните структури на МВР и на Оперативниот штаб за вчерашните настани“,изјави Агим Нухиу, министерот за внатрешни работи на денешната прес-конференција.

Нухиу го осуди насилството и крвавиот инцидент во македонскиот парламент . Посочи на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кој како што рече, иако бил назначен за раководител со Оперативниот штаб на МВР, што бил формиран од почеток на протестите „За заедничка Македонија“, бил недостапен од екслацијата на состојбите до 20 часот.

„Оперативниот штаб чиј што раководител е Митко Чавков, имаше подготвени план за итна интервенција во три случаи: доколку има мирен протест, при избор на претседател на Собранието и при избор на претседател на владата. Но,синоќа на моите телефонски повици не одговараше раководителот на Бирото за јавна безбедност од почеток на ескалацијата на ситуацијата, па до 20 часот. Тој не беше ниту на своето работно место. Политичкото влијание на структурите во МВР е за секаква осуда“, изјави министерот Нухиу, во обид да ги презентира причините, зошто МВР синоќа пофрли и дозволи да се случи крвав инцидент во Собранието.

Тој, сепак, му го честиташе мандатот на новоизбраниот претседател на парламентот, Талат Џафери, а по мирниот премин на власта, најави своја оставка, како морален чин.

Од друга страна, како што соопшти Обвинителството со кое раководи Марко Зврлевски, будно се следат настаните.

„Се преземаат дејствија за расветлување на настаните и утврдување на фактите. Согласно своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува во сите случаи, каде ќе биде утврдено постоење на елементи на сторено кривично дело и за секој од настаните по документирањето ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“, стои во соопштението.

М. Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Агим НухиуБиро за јавна безбедносткрвав инцидентМВРМитко Чавковоставкаполитизација на министерствотоСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result