• Latest

Позитивно предреферендумско расположение

August 29, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Позитивно предреферендумско расположение

August 29, 2018 15:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Македонија не планира да потроши повеќе од 300 до 400 илјади евра за кампањата за референдумот. Кампањата треба да помине во пријатна и привлечна атмосфера, по која граѓаните ќе гласаат „за“, ова го истакна вчера премиерот Зоран Заев. 

Државната изборна комисија денеска  одржа јавна седница на која ги разгледува и одобри барањата за добивање на овластувања за набљудување на Референдумот.

На оваа седница се разгледуваа барањата на  Комитетот за отворена демократија (Committee for open democracy), Фондација за спасување на Земјата (The Earth Saviours Foundation) и Набљудувачка мисија за Референдумот на ОБСЕ / ОДИХР (OSCE/ODIHR Referendum Observation Mission).

Владата денеска на седница ја разгледа информацијата за воведување на заеднички контроли со Албанија на патниот граничен премин Ќафасан-Кафтане, односно one-stop shop. 

Кристијан Даниелсон, директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија, денеска изјави дека на 30 септември граѓаните ќе направат избор што ќе ја оформи иднината на земјата, и тој избор ќе има последици за идните генерации.

Тој упати честитки до премиерот и до македонските институции за постигнување на Договорот со Грција за решавање на прашањето со името што, според него, го отвора патот на земјава кон Европа.

Премиерот Зоран Заев изјави дека граѓаните ќе се изјаснат „За“ на претстојниот референдум, и  тие што се против, се со мали бројки и дека  тие се дел од таа кампањата предводена од иницијативата „Бојкотирам“.

Премиерот е уверен и дека бројките ќе растат, а изрази и надеж оти опозицијата ќе биде позитивна заради тоа што, посочи, и таа е за Европската унија и за НАТО.

Министерката за правда, Рената Тренеска Дескоска, денеска на отворањето на новите објекти отворено и полуотворено одделение во најголемиот затвор во нашата земја, истакна дека градењето нови сместувачки капацитети во КПД „Идризово“, е една од мерките што Владата и Министерството за правда ги презема за подобрување на условите за извршувањето на санкциите. Министерката посочи дека инвестирањето во инфраструктурата на затворите не е единствен аспект на подобрување на условите во самите затвори.

А. Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Влада на Република МакедонијаЕУЗоран ЗаевкампањаКристијан ДаниелсонМинистерство за правдаНАТОРената Тренеска Дескоскареферендум
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result