• Latest

„Тиквеш“ ќе биде даден три месеци по започнувањето со работа на „Чебрен“, а не три месеци по стартот на градбата

November 14, 2023

Во тек е хуманитарната акција Топлина за Украина – се приклучуваат фирми, институции и поединци

January 31, 2026

Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

January 31, 2026
Фото: Х/ ВИ

Неонацистичка иконографија во владините објави – администрацијата на Трамп со екстремистичка реторика

January 30, 2026

Мувлосан леб и ѕидови за работникот – фасадирани ѕидови со евра за елитата!

January 30, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите?

January 30, 2026
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Ненаучени лекции: Манипулативна злоупотреба на терминот „хибридни напади“ – кога државата измислува непријатели (17)

January 30, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

ПОЛИТИКО: Мировен договор меѓу Русија и Украина наизглед блиску, но далеку од решението на суштинските проблеми

January 30, 2026

РЕАКЦИИ: Власта не е нормална, реакцијата на работничките протести – идиотска, тешко нам!

January 30, 2026
Сцена од музичкото видео ICE F**K YOU - Scared Ketchup

ICE F**K YOU: Протестна поп-панк експлозија од Scared Ketchup за убиствата во Minneapolis

January 29, 2026

„Streets of Minneapolis“ – протестна песна на Брус Спрингстин за „чизмите на окупаторите“ во Минеаполис

January 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Сцена од музичкото видео ICE F**K YOU - Scared Ketchup

    ICE F**K YOU: Протестна поп-панк експлозија од Scared Ketchup за убиствата во Minneapolis

    „Streets of Minneapolis“ – протестна песна на Брус Спрингстин за „чизмите на окупаторите“ во Минеаполис

    Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

    Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

    ICE Барби ја премина границата за последен пат – Кристи Ноем се соочува со импичмент во Конгресот ако не биде отпуштена или не поднесе оставка

    Скриншот од видео на WGN News

    Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

    Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

    Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

    Илустрација ВИ

    Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

    Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

    Ненаучени лекции: Манипулативна злоупотреба на терминот „хибридни напади“ – кога државата измислува непријатели (17)

    РЕАКЦИИ: Власта не е нормална, реакцијата на работничките протести – идиотска, тешко нам!

    Илустрација ВИ

    Ненаучени лекции: Закон за соодветна и правична застапеност – Заштита или уште еден политички експеримент (16)

    Протест на работниците, Скопје, 28 јануари 2026 (фото извор: Рацин.мк)

    Власта нема монопол врз животот на работниците

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Спасување на платите на црно

    Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

    Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

    Мувлосан леб и ѕидови за работникот – фасадирани ѕидови со евра за елитата!

    Протест на работниците, Скопје, 28 јануари 2026 (фото извор: Рацин.мк)

    Власта нема монопол врз животот на работниците

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Спасување на платите на црно

    Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

    рф продолжува со ракетни напади за време на мразови

    Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ЕКОНОМИЈА

„Тиквеш“ ќе биде даден три месеци по започнувањето со работа на „Чебрен“, а не три месеци по стартот на градбата

November 14, 2023 13:23
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата во септември донесе одлука и избра изведувач за градба на хидроцентарлата Чебрен. Грчката компанија ППЦ Архиродон ќе ја гради оваа хидроцентрала која ќе биде спас за македонскиот енергетски систем по досегашните 13 неуспешни тендери.

Проектот за изградба на централата Чебрен е уште од 1966 година, а нејзиниот капацитет ќе биде околу 333 киловат часови. Досега сите Влади се обиделе на еден или на друг начин да го започнат проектот за изградба на Чебрен, но тоа завршувало со неуспешен тендер.

Енергетската криза покажа дека изминатите 30 години не се инвестирало во енергетскиот систем, поради што земјата беше ранлива од ефектите на кризата и нејзината зависност од електрична енергија произведена од јаглен. Сега, изградбата на централата Чебрен, која е инвестиција од една милијарда евра и ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, земјава конечно го прави првиот чекор кон заменување на јагленот со обновливи извори на енергија.

Државното претпријатие ЕСМ ќе има удел од 33 отсто во централата Чебрен, за чија изградба во изминатите 20 години пропаднаа дури 13 тендери. Со изградбата на Чебрен освен што се зголемува енергетската независност на земјава се прави и сериозен чекор кон заштита на животната средина и обезбедувањето стабилен енрегетски систем се помалку зависен од јаглен.

Централата Чебрен не е единствениот проект и инвестиција во енергетскиот сектор на оваа Влада. Со олеснувањата за инвестициите во соларни централи, но и најавите големи проект за фотоволтаични централи и ветерници, од јануари 2022 година се инсталирани фотоволтаици со капацитет од 420 мегавати, што се очекува да порасне до 600 до крајот на годината.

„Се проценува дека работењето на ХЕЦ Чебрен годишно ќе генерира 1044 GWh, за што, ако се генерира од фосилни горива, ќе бидат потребни 380.000 тони јаглен. Со оглед на тоа дека согорувањето на еден тон јаглен произведува 1,8 тони јаглерод диоксид, генерирањето на 1044 GWh со проектот ќе заштеди 680.000 тони јаглерод диоксид годишно“, се наведува во физибилити студијата за влијанието на ХЕЦ Чебрен врз човековата средина.

Избраниот понудувач има обврска во рок од три месеци да склучи договор за заедничко вложување и да основа акционерско друштво со АД ЕСМ, во кое АД ЕСМ ќе учествува со 33 % од акционерскиот капитал.Проценететата вредност на инвестицијата е околу една милијарда евра.

Струја за 250.000 домаќинства

Станува збор за стратешка реализација на огромен енергетски капацитет кој драстично ќе влијае врз намалување на енергетската зависност на земјава. ХЕЦ Чебрен е реверзибилна централа, која што ќе се полни со вода во текот на ноќта кога цената на електричната енергија е најниска, со што ќе се овозможи производство на струја во часовите кога цената е најскапа на берза и на тој начин ќе се осигура дополнителни количини на домашна евтина електрична енергија за домаќинствата.

Со овој нов капацитет ќе може да се задоволат потребите на 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија, а реализацијата на овој капацитет е клучна затоа што како земја ја јакнеме енергетската независност преку обезбедување на системските резерви, што пак е долгорочен гарантор на сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија. Дополнително поради огромната количина на електрична енергија која може да се произведе ќе може активно да се учествува на регионален пазар на балансна енергија.

„Првичниот бенефит од Чебрен е заштита од поплави, регулација на речното корито на Црна река, потоа сега заради климатиските промени уште поизразена ќе биде потребата од вода. Генерални бенефити, тоа се приоритетните“ изјави директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Утрински печат“.
Тој додаде дека тоа се генералните бенефити од Чебрен уште од проектирањето на оваа електрана во седумесетите години.
„Главните придобивки за Чебрен кога бил проектиран како голема ХЕ биле токму тие. Секако водата се користи за производство на електрична енергија и како таков еве повеќе од 50 години зборуваме за сериозни анализи, една од најголемите која е правена во текот на 75-та година е интегрален развој на реката Вардар е направена од американски конзорциум“ рече Андонов.
Тој додаде дека од почетокот на деведесетите, па до денес, тенденција на сите влади и на целото управување со Чебрен е да се додели на приватен концесионер.

Дали јавното приватно партнерство е распродавање на капацитетите?

Во изминатите низ лавиринтот наречен тендерски постапки за изградба на хидроцентралите на Црна река – Чебрен и Галиште се појавија многу странски инвеститори. Некои од нив поревносни во идејата да станат и инвеститори, некои помалку. Но, најверојатно ниту еден од нив во ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште не препозна профитабилен проект.

Всушност владата на Груевски, каде советник беше и Мицкоски го ревидираше проектот за да се бара инвестотор само за ХЕЦ Чебрен, а не и за „Галиште“. Отстапки беа направени и во уделот кој државата, преку ЕЛЕМ, ќе го има во партнерската фирма со инвеститорот, по кој и ќе се дели профитот. Од инвеститотот се бараше да понуди не помалаку од 33% удел на ЕЛЕМ во заедничката фирма со потенцијалниот инвеститор, а секако на користење и тогаш му се даваше ХЕЦ „Тиквеш“. Кога пред шест години Владата го поништи тендерот за Чебрен , многумина беа разочарани, а особено се коментираше за време на енергетската криза што ни побегнал возот и не се договоривме со стратешки инвеститори,

Александар Дединец од МАНУ истакна дека цената на струјата ги уништи инвестициите не само во земјава, туку во целиот регион поради што државите не може да вложуваат во енергетски капацитети. Сега, како што кажа, ни се ближи и јаглеродниот данок, кој и онака индиректно го плаќаме.

Тој порача дека за реализација на целите од Стратегијата за енергетика државата треба да вложи 20 милијарди евра, кои ги нема и додаде дека токму затоа треба да се реализираат енергетски капацитети по принципот на јавно приватно партнерство како што се прави со ПАХЕЦ „Чебрен“, кој е неопходен за балансирање на системот поради зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори.

– Со „Чебрен“ можеме да ги задоволиме капацитетите до 2040 година и само еден час во текот на деноноќието да ни биде критичен и да ни треба дополнително балансирање на системот. Без „Чебрен“ драстично се зголемува бројот на часови во кои ни е потребно балансирање – рече Дединец.

Владиниот советник за енергетика Виктор Андонов, рече дека со оваа одлука се овозможувала реализација на еден од најголемите и најважните енергетски проекти во Македонија, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра.

– За изградба на „Чебрен“ и „Галиште“ се спроведени 13 неуспешни тендери, а од 1992 година се бара приватен странски инвеститор за нивна изградба. И на првиот објавен тендер во 2006 година се бараше странски инвеститор за реализација. ЕСМ досега ниту еднаш не изработила студија за „Чебрен“ туку се јавува како нарачател на студиите што ги изработуваат реномирани светски компании – рече појаснува Виктор Андонов.

Последниот тендер, кој е успешен е започнат во 2020 година, и во него се предвидува Чебрен да се гради по пат на јавно приватно партнерство во која ЕСМ ќе има удел од 33, отсто, а грчката ППЦ и „Архиродрон“ од 67 отсто и да чини една милијарда евра врз основа на цените на материјалите во 2022 година кога, како што рече, се бележи најголем скок на цените на металите поради војната во Украина. Сега, додаде, цените се паднати и изградбата може да чини и помалку.

-Нема простор за различно толкување на одлуката. Станува збор за иста одлука која е изменета во согласност со законот, со цел заштита на интересите на граѓаните. Во одлуката јасно е наведено дека сите услови ќе бидат наведени во тендерската документација и договорот за заедничко вложување, кој е составен дел на тендерската документација. Таму е местото каде се дефинирани сите обврски и права на приватниот инвеститор, и на ЕСМ како јавен партнер.

„Обврска на инвеститорот е да ја изгради Чебрен. Ние нема да даваме никакви пари. Да биде и 500 и 700 и милијарда се обврска на инвеститорот. Пошто имаше тези еве тие намерно ставиле милијарда за ЕСМ да даде 330 милиони. Тоа не е така. ЕСМ учествува со пристапен пат, изградба на приклучок на мрежа, експропријација на земјиште и студија за животна средина и Тиквеш“ рече Андонов во „Утрински печат“.

Тој додаде дека проекциите се дека изградбата ќе чини околу една милијарда евра, според бројки од 2022 година од релевантните извештаи за енергетика.

„Меѓутоа има една добра забелешка, 2022 година поради војната во Укрина се покачија цените на сите материјали, кои влијаат на цената на чинење. Само за една година од 2021 до 2022 растот бил 25 отсто. Сега веќе има тренд на намалување“ рече Андонов.

Тој објасни дека правото за управување и одржување на ХЕЦ Тиквеш ќе биде дадено три месеци по започнувањето со работа на ХЕЦ Чебрен, а не три месеци по стартот на градбата како што било предвидено во 2013 година.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање за Извештајот од евалуацијата на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија и изградба на хидроелектрични централи на Црна Река.

Досега имало 13 неуспешни тендери во период од последните 20 години.

„Согласно Извештајот на Комисијата, Владата на 185-тата седница, донесе Одлука за избор на најповолна понуда за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроелектрични централи на Црна Река која се доделува на понудувачот PUBLIC POWER CORPORATION S.A. – Greece & ARCHIRODON GROUP N.V. – Greece, односно ППЦ-Архиродон, а во согласност со тендерската документација и договорот за концесија кој беше дел на тендерската документација“, велат од Владата.

Според Извештајот на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на предметната концесија, како што стои во Информацијата, понудувачот ППЦ-Архиродон е избрана за најповолна, со оглед на тоа што понудувачот ги исполнил условите содржани во јавниот повик и тендерската документација и доставил најповолна понуда.

„Според донесената Одлука, избраниот понудувач има обврска во рок од 3 месеци да го склучи Договорот за заедничко вложување и да основаат акционерско друштво со АД ЕСМ, во кое што АД ЕСМ учествува со 33% од акционерскиот капитал. Регистрираното друштво е должно во согласност со одредбите на Законот за водите, а пред потпишување на договорот за концесија, да обезбеди дозвола за користење на водата. Со оваа одлука се овозможува реализација на еден од најголемите и најважните енергетски проекти во Република Северна Македонија. Проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра со која е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 MW. ХЦ Чебрен е предвидено да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река предвидено е создавање ново вештачко езеро, кое ќе биде најголемо во нашата држава“, додаваат од Владата.

По завршување на проектирањето, и обезбедувањето на потребните документи се очекува да се почне со градба која е предвидена да трае 7 години.

Чебрен е од исклучително значење за енергетската транзиција на Северна Македонија и регионот, поради можноста за балансирање на обновливите извори на енергија. Воедно ќе има огромно значење и за заштита од поплави, водоснабдување, земјоделие и слично со висина на браната од 192 метри, со што ќе биде една од највисоките во светот.

Во сите анализи Чебрен е исплатлив доколку продава цена во највисоките побарувања, тогаш цената е највисока. Проектираниот временски период за изградба е околу 7 години, но се зависи од инвеститорот. Концесијата е дадена на 60 години согласно законот за води.

-Бидејќи имаше тези еве тие намерно ставиле милијарда за ЕСМ да даде 330 милиони. Тоа не е така. ЕСМ учествува со пристапен пат, изградба на приклучок на мрежа, експропријација на земјиште и студија за животна средина и Тиквеш“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, вели Виктор Андонов..

Идејата и проектирањето за големиот хидроенергетскиот проект Чебрен започнува со првите физибилити студии во 60-тите години. Според Информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање, се започнати уште од 1964 година, со тоа што во 1986 се склучени договори за изработка на инвестициско-техничка документација за ХЕ Чебрен. Последниот јавен повик, пред тековниот, е објавен во 2016 година. Досега имало 13 неуспешни тендери во период од последните 20 години. Постојниот Јавен повик е четиринаесетти обид за доделување концесија на Црна Река.

Соња Танеска/Градска.мк

Tags: владаГрадска.мкструјаЧебрен
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ