• Latest

Задорожњук: Режимот на Путин самиот создава конфликтни ситуации и конфликтни зони со цел потоа да бара свое учество во нивното решавање

January 14, 2022

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

Задорожњук: Режимот на Путин самиот создава конфликтни ситуации и конфликтни зони со цел потоа да бара свое учество во нивното решавање

January 14, 2022 11:16
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Русија под авторитарното владеење на Владимир Путин излезе од границите на цивилизираните меѓународни односи и затоа нејзиното однесување е апсолутно непредвидливо. Заканата од целосна инвазија од страна на руската армија е главна тема во Украина веќе цела година, вели амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук во интервју, во врска со тензиите на украинско-руската граница.

„Првично, ситуацијата ескалира во април, кога Русија се обиде сѐ да објасни со вежби. Но таков број на војска и опрема околу целиот периметар на украинската граница во претходните години немаше.

Во овој период се појави проблемот на Белорусија: беа растерани мирни демонстрации, имаше нелегално слетување на цивилен авион, имаше нагло приближување на Белорусија кон Русија, во формат на Сојузна држава, се случи миграциската криза на границите со Литванија и Полска. Ова е дополнителен голем стрес фактор, кој на сите им покажа дека опасноста се приближува до Украина, не само од исток или од окупираниот Крим, туку и од север.

Второто масовно прераспоредување се случи оваа есен. Русија префрли тенкови, артилерија и системи за противвоздушна одбрана на границата со Украина. Русија досега има концентрирано околу 122.000 војници. На 11 јануари во близина на границата со Украина Русија започна нови вежби. Министерството за одбрана на Русија планира да спроведе вежби на полигони во Воронежската, Белгородската и Брјанската област што се граничат со Украина, како и во Смоленската област. Таму испратија околу 3.000 војници и 300 единици воена опрема. За ова, на 11 јануари соопшти Западниот воен округ. Покрај тоа, министерството соопшти дека единиците на Црноморската флота, како и артилерците на армискиот кор на Јужниот воен округ марширале на полигоните за воена обука, кои се наоѓаат во окупираниот Крим.

Така, заканата од војна е реална, а реални се и дејствата на Русија за дестабилизација на внатрешната ситуација во Украина, со бројни провокации. Режимот на Путин самиот создава конфликтни ситуации и конфликтни зони со цел потоа да бара свое учество во нивното решавање. Овој тренд може да се забележи и во регионот на Западен Балкан.

Со исклучок на Руската Федерација, сите други меѓународни актери – Србија, Косово, сите земји во регионот, меѓународната заедница – се стремат да се реши српско-косовското прашање. На Русија не ѝ одговара решавањето на прашањето на Косово и стабилизирањето на ситуацијата во БиХ, бидејќи решавањето на овие прашања значително ќе ја намали нејзината политичка улога и способност да влијае на внатрешните процеси во регионот.

Денес, земјите од регионот, заедно со Украина, се уште едно место на спротивставување меѓу Русија и Западот. Од појавата на хибридни трупи на Руската  Федерација во регионот ја спасува географската оддалеченост и присуството на трупите на НАТО во регионот, но овие фактори не спасуваат од пројавување на хибридни информации и економска (погледнете ги цените на гасот и топлинската енергија во вашата земја) агресија“, вели Задорожњук.

Целото интервју може да го прочитате на овој линк.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ