Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание, јави собранискиот известувач на БГНЕС.
За недоверба гласаа 123 пратеници, против беа 116. Воздржани немаше.
За мене беше чест да водам влада која беше соборена од господинот Пеевски, господинот Борисов, Слави Трифонов и г-ѓа Митрофанова, изјави Кирил Петков по гласањето. Ќе продолжиме и еден ден ќе ја имаме Бугарија без мафија, без гушење – успешна, европска земја. Благодарам, додаде тој.
Први салата ја напуштија пратениците на МРФ, а набргу потоа излезе веќе соборената власт.
Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков. Го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.
99. Влада на Бугарија со премиеро Кирил Петков беше избрана на 13 декември 2021 година од 47. Народно собрание. Пред формирањето, земјата три пати излегуваше на избори – рекорд во бугарската понова историја и само парламентот избран на 15 ноември успеа да предложи кабинет, пишува БГНес.
Подготви: Д.Мишев