Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со министерот за здравство Беким Сали, директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов и амбасадорот на Италија во земјата Андреа Силвестри, ја посети Градската општа болница „8-ми Септември“ по повод нов дијагностички центар опремен со нови апарати за томографска магнетна резонанца со што се зголемува дијагностичката точност.
-Ниту во време на најголемата здравственa и економската криза не запревме со вложувањето во квалитетна услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници.
-Градската општа болницата „8 Септември“, во рекорден временски период успеа да се изврши реконструкција и да се реновира просторот кој стана оддел за радиологија и дијагностика, во кој веќе се инсталирани два нови најсовремени апарати за магнетна резонанца.
-Болницата „8 Септември“ има исклучително важна улога во нашето здравство, како најголема болничка установа, во најголемите кризи секогаш била тука прва да одговори и да се справи со предизвиците. Оваа болница презеде голем товар во време на КОВИД пандемијата, за оваа пожртвуваност сакам да упатам честитки до целиот медицински и немедицински персонал во болницата.
-Овие два апарати и реновираниот Оддел се уште едно од серијата вложувања во подобар и поефикасен здравствен систем за сите наши граѓани. Болницата „8 Септември“ со двата нови апарати ќе го зголеми капацитетот на снимање за 50%, односно за плус 15 пациенти дневно, што е голема предност за брза, навремена дијагностика на тешко болните пациенти.
-Реформите и инвестициите во здравството се еден од најголемите приоритети на Владата предводена од СДСМ. Како Влада направивме стратегија за инвестирање во здравството, ние не трошиме пари неплански, како што тоа беше во минатото кога со буџетски пари се купуваше скапа медицинска опрема која стоеше во магацините од болниците и така неупотребувана ја уништи забот на времето. Ние сега спроведуваме процес на рехабилитација на здравствениот систем, а набавената опрема веднаш се инсталира каде што е наменета, истакна Ковачевски.