• Latest

Протести и длабок револт на ромската заедница заради неправедни пресуди на судската власт

November 24, 2023
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Протести и длабок револт на ромската заедница заради неправедни пресуди на судската власт

November 24, 2023 16:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Протест за правда за Мануел, детето кое беше прегазено на 12 октомври на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, се одржа денеска, со марш од пред теќето во Топаана до Основниот кривичен суд, пренесе МИА.

Казната затвор за 21 – годишниот Шукри Зеќири, возачот кој го прегази детето, да биде зголемена и да се земат околностите според кои е сторено кривичното дело, пристап до правда и правични пресуди за ромската заедница во случаи кога жртвата е припадничка на ромската нација и  активно учество на ромската заедница во судската власт, се барањата изнесени на протестот.

Извршниот директор на Ромалитико, Елвис Шаќири, истакна дека денеска повторно излегуваат на улица со цел, како што рече, да го искажат незадоволството од пресудите кои ги носи Судот во однос на припадниците на ромската заедница.

– Денеска не знам веќе по кој пат излегуваме на улица за да го искажеме нашето незадоволство во однос на пресудите коишто Судот ги носи посебно кога во вакви случаи жртви се припадници на ромската заедница. Ние, заедно со семејството на починатото дете, сме тука да го изразиме нашето незадоволство во однос на пресудата. Очекуваме повисока пресуда, особено затоа што лицето кое го прегази момчето не застана за да укаже помош. Очекуваме дека оваа пресуда ќе се коригира и ќе се пресуди максимална казна, нагласи Шаќири.

Тој појасни дека имаат неколку барања до Судот меѓу кои е и барањето да се преиспитаат сите пресуди поврзани со Ромите, затоа што, како што рече, ова е само еден случај од многуте за кои што имаат протестирано.

– Ние и претходно протестиравме за случаи во коишто имаше полициска блокажа спрема припадници на ромската заедница, каде што полициски службеници добиваат условни пресуди. Имаме неколку барања вклучително и реформи во судството во кои бараме да бидат вклучени припадници на ромската заедница за да ја рефлектираат состојбата во која се наоѓаме, изјави Шаќири.

Таткото на Мануел, Себастиан Асановски, изјави дека не е задоволен од казната што ја доби сторителот на делото и како што рече, праведно да се суди.

– Очекувам да има друга пресуда после протестот, мислам дека законот нашето барање ќе го земе во предвид и ќе ја промени казната, нагласи тој.

Судијката Марија Клетничка од Основниот кривичен суд Скопје, на 15 ноември, одреди единствена казна затвор од две години и три месеци за 21-годишниот Шукри Зеќири од Скопје, кој на 12 октомври на булеварот „Никола Карев“, на делот познат како „Пластичарска“ во Скопје удри десетгодишно дете кое од ударот почина на самото место, а тој избега. Основното јавно обвинителство Скопје во изјава за МИА истакна дека ќе вложи жалба до Апелацискиот суд за висината на казната на сторителот на делото

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ