Заменик претседателот на Асоцијацијата на косовски општини, Џафер Гаши смета дека Заедницата на српските општини не треба да има извршни овластувања и дека треба да биде во рамки на законите и Уставот на Косово.
– Мислам дека ова е најсигурниот пат и најдобар за создавање на таа асоцијација, смета Гаши.
Во интервју за весникот „Епока е Ре“, тој вели дека ЗСО треба да личи на НВО, како што е случај со Асоцијацијата на косовските општини.
Албанците ЗСО ја нарекуваат Асоцијација на општини со српско мнозинство, јави Танјуг.
[divide]
извор: МИА