• Latest

И по Тито – Путин: Од „оаза на мирот“ до „оаза“ на руската пропаганда

February 1, 2024

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

И по Тито – Путин: Од „оаза на мирот“ до „оаза“ на руската пропаганда

February 1, 2024 07:00
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ЕДУКАЦИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
  • Базата од која се пренесуваат дезинформациите од проруските пропагандни кујни во земјата е Белград, каде што постојат околу 200 проруски медиуми.
  • Прорускиот дискурс освен што има за цел да ја оправда окупацијата врз Украина, има и за цел да влијае врз јавноста да не биде ориентирана кон Европската унија.
  • Борбата против пропагандата не може и не треба да биде приоритет само на меѓународниот фактор.

СЕФЕР ТАХИРИ

Северна Македонија, некогаш „оаза на мирот“, денес е „оаза“ на руската пропаганда. За утеха, во друштво е со Србија и Црна Гора. Таа е присутна на социјалните мрежи преку „виралноста“ од ботовите и троловите.

Три медиумски дискурси за една војна!

Постои дуалност во известувањето за Украина, која е резултат на идеолошките ориентации на медиумите и нивната уредувачка политика во однос на глобалните прашања.

Првиот дискурс е балансираниот однос кон страните во војната, присутен особено во традиционалните медиуми (телевизии), но и дел од порталите.

Вториот дискурс е на медиумите кои главно се во онлајн сферата, а кои прокламираат проруска уредувачка политика. Базата од која се пренесуваат дезинформациите и манипулациите во земјата е Белград, каде што постојат околу 200 проруски медиуми, подржани од Кремљ или други извори, од кои дел се на невладини организации, а другите се со (дез)информативна природа.

Во прилогот со наслов „Македонија не е имуна на руската пропаганда“, Радио Слободна Европа на македонски јазик известуваше дека:

Кон средината на 2012 година во Македонија почна со работа интернет порталот Руска реч на македонски јазик, а печатеното издание излегува еднаш месечно како додаток во дневниот весник Нова Македонија. Руска реч е финансиран од издавачката куќа Росијскаја газета, која е државно финансирана од руската влада. Овој медиум не известува за локални проблеми во Македонија, тука ја претставува Русија и руската култура пред македонските читатели. На македонската публика и се претставува и Новинската агенција Спутник. Иако нема македонско издание, поради јазичната блискост, српското издание на оваа руска државно финансирана новинска агенција често обработува теми од Македонија преку кои го пренесува рускиот поглед за локалните случувања.

Порталот Инфомакс, можеби е единствен во земјата, кој има посебна подрубрика, именувана Русија. Се работи за портал кој објавува афирмативни вести за Русија и Путин и обратно за Украина и Зеленски.

Дискурсот кој ја фаворизира Украина поприсутен е во медиумите на албански јазик, а за негово зацврствување, се прави аналогија со историската судбина на Албанците во текот на војната на Косово. Сепак, оваа ситуација се бележи повеќе на почетокот на војната.

Пропагандната машинерија на рускиот политички дискурс

Штетата од пропагандата која ја трпат општеството и јавниот интерес е голема.

Главната цел на руската пропаганда секако е дезинформирањето за војната во Украина, односно оправдувањето на чекорите, кои ги презеде Москва во тнр. „специјална воена операција“. Тоа оди паралелно со величењето на ликот и делото на Владимир Путин во очите на јавноста.

Путин е еден од ретките претседатели на држави, за кој во дел од медиумите се известува за неговиот роденден. Вакво величење на еден политичар, имаше во времето на комунизмот за Тито. Во медиумите или социјалните мрежи вестите за роденденот на нашиот претседател на државата, Стево Пендаровски, се навистина голема реткост.

Пропагандната машинерија на рускиот политички дискурс, освен што има за цел да ја оправда окупацијата врз Украина, има и цел да влијае врз јавноста/граѓанството, да не биде ориентирана кон западноевропските вредности, односно Европската унија. За да се оствари тоа, се користат верскиот сентиментализам дека македонскиот и рускиот народ се православни и етногенезата, односно фактот дека се работи за два словенски народи. И донекаде успева, бидејќи евроскептицизмот во јавноста благо расте!

Што направила „братска“ Русија за Македонија?

На што се должи проруското расположение на дел од граѓаните во земјата? Дали има историска основа?

Во трудот со наслов „Русија планирала формирање на македонско автономно кнежество?!“ објавен во весникот Нова Македонија, новинарот Блаже Миневски пишува:

Русија никогаш искрено не ја поддржувала Македонија, што може да се види и од примерот со „грижата на словенската заштитничка“ кон „словенските народи на Балканот“, односно нејзиниот став и однос за време на Илинденското востание, но и по неговото крваво задушување.

Миновски аргументира:

Руската политика кон Македонија по Лондонскиот договор од 1871 година секогаш била на штета на македонските национални интереси. Во руската политика отсекогаш егзистирала веќе подготвена идеја еден ден делови од Македонија да им се доделат како награда на соседите, за да може Русија да ги задоволи своите планови и очекувања во овој дел од Европа.

Државните мерки против пропагандата само декларативни

Владата, на 24 јули 2019 година го усвои „Планот за одлучна акција против ширење дезинформации и напади врз демократијата“. Освен одлуката за неемитување на руските телевизиски канали, не сме виделе некои други конкретни мерки и активности.

Во Планот стоеше дека се формира „Акциска група за борба против дезинформации и напади на демократијата“, но резултати од нејзината работа не се соопштени.

Исто така, во планот се вели дека „Акциската група и Владата ќе спроведуваат едукативна кампања од јавен интерес за постоењето и штетното влијание кое дезинформациите го имаат врз општество“. Но, и такви кампањи не сме виделе. Повеќе активности остварува невладиниот сектор.

Што да се преземе против руската пропаганда?

Дел од медиумите, кои имаат професионален пристап кон настаните во земјата и во светот, треба да ја подржат работата на платформите за борба против дезинформациите.

Во општетсвото, треба да се поддржи производството на медиумските содржини против дезинформациите во различни типови на медиуми и жанрови. Борбата против пропагандата не може и не треба да биде приоритет само на меѓународниот фактор.

Во анализата со наслов „Зошто немаме дописници од војната и страдањата во Украина?“ познатиот новинар Ерол Ризаов го цитира големиот писател Алберт Ками, кој и самиот бил новинар: „Новинарот не може да се стави на страната на оние што ја создаваат историјата, туку во служба на оние што поради неа трпат“.


Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор.

#ОслободиГоУмот

ЛИНК ДО ЕДУКАТИВНА ПУБЛИКАЦИЈА


Илустрација: “Disinformation Warfare” – Patrick Chappatte | Илустрацијата е објавена со љубезна дозвола од CHAPPATTE.COM. Не е дозволено понатамошно преземање на илустрацијата.

Оваа анализа е дел од проектот „Ослободи го умот“. Проектот е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: владини меркидезинформациируска пропагандаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Хаотично заебавање

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ