Институтот за медиуми и аналитика ИМА денеска ја промовираше публикацијата „Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи).
Говорот на омраза се храни со говор на омраза. Потребна е соработка меѓу институциите, медиумите и граѓанскиот сектор внатре во Северна Македонија и во Бугарија, која може да биде клучна во справување со штетите од говорот на омраза и од дезинформациите. Без таа соработка борбата со оваа деструктивна појава ќе оди многу потешко, а тоа ќе има многу негативно влијание и на напорите за добросоедски односи, но и на европските перспективи на земјата.
Ова беше истакнато за време на денешната промоција на публикацијата „Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи) изработена од Институтот за медиуми и аналитика ИМА.
– За време на дебатата за францускиот предлог еруптираше говор на омраза, а симболиката на вулканот е дека во нашата земја имаме една редовна состојба на активен вулкан кога станува збор за говорот на омраза. Тој вулкан, тој говор на омраза секогаш еруптира и прави многу силни експлозии кога ќе дојдат на дневен ред дебати на теми кои наместо да го обединат и хомогенизираат општетството околу крајните интереси на нашата држава и народите што живеат во неа, тие предизвикуваат поларизација и дополнителни делби во општеството, истакна Зоран Бојаровски од Институтот за медиумски анализи кој е автор на една од објавените анализи.
Тој посебно го потенцира моментот на префрлање на говорот на омраза од социјалните медиуми во институциите што вели доведе да имаме ситуација на работ на сериозни немири.
-Тој говор на омраза од социјалните медиуми каде што главно доминира и главно е активен постојано, се префрли со многу силен интензитет во институциите, во Собранието и ние бевме сведоци на исклучително силен говор на омраза во дебатата што се водеше таму, која не ги поштеди дури и гостите што ни дојдоа во тој период за да не убедат дека македонскиот јазик со ништо не е загрозен, идентитетот на македонскиот народ во Макеоднија со ништо не е загрозен. Станува збор за една бирократска процедура во која сериозна улога имаше тоа што Бугарија излезе со некави ставови кои знаеме какви се, но дека прашањето е дека се работи за тоа дали ние прифаќаме да започнеме преговори со ЕУ, а не за тоа да полемизираме дали и каква е наводно, фатална иднината на македонскиот народ. Од таму бидејќи полемиката се префрли на улициите, тој говор на омраза во институциите кои го практикуваа тие што седат во институциите, пред се во Собранието, главно опозицијата, успеа таа енергија да ја префрли на улиците, па оттаму имавме ситуација на работ на сериозни немири. Тоа е само еден однос на еден неодговорен пристап во однос на овие прашања, што очигледно е една редовна состојба и се злоупотребува кога имаме вакви ситуации, вели Бојаровски.
Според него, дури и кога станува збор за теми кои немаат директна врска со некави дежурни теми во нашетото општество кога имаме силен говоор на омраза како што се меѓуетничките односи, дебатата за францускиот предлог се искористува да се нападнат ордедени етнички заедници, социјални групи граѓански организации, активисти, што е колатерална штета и сериозно влијае на она што е наш бренд, кој, вели, треба максимално да се заштити, а тоа е концептот на едно општетство за сите.
Во однос на известувањето на медиумите на албански јазик за време на јавната дебата за францускиот предлог, проф. Сефер Тахири истакна дека заклучокот од текстуалната анализа на насловите е дека медиумите на албански јазик избрале афирмативни оценки за предлогот бидејќи кај нив доминира наративот дека станува збор за компромис, па и дека е безалтернативен, од друга страна имајќи ја предвид сензитивноста која ја има францускиот предлог, имаше умерени извештаи кои се на линија на незагрозување на етнокултурниот идентитет на македонскиот народ.
За протестите против францускиот предлог, тој укажува дека некои од медиумите на албански јазик се осврнуваат на антиалбанските ставови, каде беа присутни стереотипи и предрасуди на Албанците. Истото се счучувало и со инцидентот од 6 јули, кај плоштадот Скендерберг помеѓу противниците на францускиот предлог и група Албанци на плоштадот (стрелањето од пиштол) , при што вели ниеден медиум од албанскиот информативен простор не се осврна на фактот дека на тој настан имаше дејствие кое може да се толкува како противзаконски, и да го осуди употребата на оружјето, туку нагласокот беше ставен на етноцентрични наративи.
-Важно е медиумите да бидат внимателни при емитување чувствителни изјави, поточно за оние кои имаат сензационализтичка природа. Тие не само што ги искривуваат фактите туку може да предизвикаат заострување на и онака кревките меѓуетнички односи, порачува Тахири.
Петрит Сарачини од ИМА, укажа на реакциите од одредени професионални организации како ЗНМ, СЕММ, МИМ, Метаморфозис според кои говорот на омраза во однос на францускиот предлог, протоколот и преговарачката рамка треба да се третира во рамки на меѓународно прифатените дефиниции, документи, конвенции и механизми што земјата се обврзала дека ќе ги почитува. Најмногу се посочуваат механизмите на СЕ, на ЕСЧП, на Европската конвенција за човекови права како и на домашната постоечка легислатива која има свои механизми.
-Преовлада мислењето дека надлежните организации не постапуваат во доволна мера, создавајќи култура на неказнивост. Исто така, медиумските организиации и експертите упатуваат забелешки за институциите и владата во РСМ, кои се однесуваат на недостаток на транспарентност во целиот процес на дефинирање на преговарачката рамка со ЕУ и протоколот со Бугарија. Прво излегоа неофицијални објави и текстови во медиумите, па потоа имаше неколку дена молк пред нашите институции да ги објават конечните текстови. Ова создаде прстор за ммногу шпекулации, дезинформации и говор на омраза во јавноста, вели Срачани нагласувајќи дека институциите треба да бидат колку што е можно побрзи и потранспарентни, затоа што, вели, со вистината може да се спречи просторот за дезинформации.
Иако обврска на двете држави е да се борат против говорот на омраза, во јавноста поради пропагандата и дезинформаторските наративи се доби впечатокот дека тоа е само наша обврска, во што вели потфрлиле и институциите и медиумите и академската јавност кои треба тоа да го објснат на граѓаните за не бидат доведени во заблуда, да бидат манипулирани. Според него, одговор на дилемите кои ги има медиумската и експертската јавност во однос на говорот на омраза, ќе има кога ќе се конкретизираат акциските планови за кои се зборува во преговарачките документи, бидејќи таму дефинициите се општи и се зборува за ненакви механизми, но тие, вели, се уште не се воспоставени, тие тела не се функционални, не се ни формирани.
-Тука е улогата на јавноста и на сите организации кои што се експертски, кои треба да влијаат, да учествуваат во тие механизми. Особено е важно да се поттикне соработката помеѓу медиумите во двете држави, помеѓу граѓанскиот сектор во двете држави, помеѓу академската сфера за целата оваа тема да добие малку поконструктивен пристап, затоа што тоа што се случува сега е конфронтација и поларизација внматре во двете во двете држави и како двете држави реагираат интерактивно една со друга. Соработката меѓу институциите, медиумите и граѓанскиот сектор внатре во двете држави, но и меѓу нив доколку се оствари како што треба, може да биде клучна во справување со штетите од говорот на омраза и од дезинфоремациите. Без таа соработка борбата со оваа деструктивна појава ќе оди многу потешко. Тоа ќе има многу негативно влијание и на напорите за добросоедски односи, но и на европските перскептиви на земјата, вели Сарачини.
Публикацијата содржи анализи кои ги идентификуваат карактеристиките и елементите на говорот на омраза, дезинформациите и медиумските манипулации што преовладуваа во јавниот дискурс за време на дебатата за „францускиоит предлог“ и како тие се пресликуваат во актуелниот комуникациски амбиент во земјата во контекст на предложената рамка за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ. Во рамки на настанот говореа и авторите на анализите и текстовите што се дел од публикацијата: Катерина Колозова и Жарко Трајаноски.