• Latest
Академик Абдулменаф Беџети

Македонските академски фрустрации

July 27, 2022
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонските академски фрустрации

July 27, 2022 11:00
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Академик Абдулменаф Беџети

Академик Абдулменаф Беџети

Share on FacebookShare on Twitter

АБДУЛМЕНАФ БЕЏЕТИ / LAJM

Драги пријатели,

На самиот почеток, да го појаснам овој напис со повод!

Дилемата да зборуваш или да молчиш – кај мене секогаш доминирало убедувањето да не молчам кога треба да зборувам, уверен дека може да предизвикам и непотребни реакции. Во име на слободата на изразувањето, ги оправдувам сите критичари!

Во овој случај морам да реагирам јавно за личните ставови на одредени академици Македонци, за жал, и на ставот на претседателот, Академикот Коцарев, мотивиран од академик Ќулавкова и други колеги.

Немам ништо против лични ставови на кој било академик, дури и се трудам да ги разберам, иако не ги оправдувам. Сè додека не допираат до мојот национален интерес и достоинство. Во нивните умови, што и да се случи, дежурни виновници сме ние, Албанците, кои заедно со Македонците, но и со другите, ја изградивме и ја развиваме државата, а во неколку аспекти и повеќе од нив.

Нема да се занимавам со „повикот“ на академик Коцарев за отпор кон интеграциските процеси на земјата под изговор за зачувување на инаку незагрозениот македонски идентитет, туку ќе се занимавам со предлогот на академик Ќулафкова за создавање трета Албанска академија, како што вели таа во последното интервју на ТВ Канал 5.

Доколку не нè сакаат во својот круг, застапени колку што сме и како што сме, еве, јавно изјавувам, без консултација со другите колеги Албанци, верувајќи дека ќе немаат забелешка, дека ние можеме да го создадеме тоа. Но, повеќе не „илегално, неформално и приватно“, како што сме постапувале во минатото со нашите почетни, основни институции, туку да се разделиме веднаш, и без двоумење со сите финансиски, просторни и технички средства. Веднаш да повлечеме 30 отсто од јавниот буџет на Македонската академија на науки и уметности, и да станеме делничари со сите јавни активи, кои што се создадени од јавните пари на даночните обврзници.

Со сила не се опстојува заедно, и место да имаме научна продуктивност, ние ја губиме творечката енергија, занимавајќи се со дневните политики и верските, културните, етнички и други фрагментации. Ако Катица Ќулафкова, или некој друг, претпоставуваат дека ќе може да се ‘ослободат’, од нас, без да ни се додели делот од нашиот имот, длабоко самите се измамуваат, бидејќи, прифаќаат или не тие, Северна Македонија не е само нивна држава!

На последниот конкурс за избор на нови членови на МАНУ тие покажаа дека не се оттргнале од менталитетот на минатото! Колку за илустрација: на тој последен конкурс во Одделот за општествени науки, со кој јас раководам, од седум членови со пет гласови ЗА, убедливо ја минавме кандидатурата на проф. д-р Мируше Хоџа, но во Собранието таа нејзина кандидатура ја „соборија“, не ја прифатија! Нејзиното научно и академско творештво (три магистериуми и два докторати, од кои повеќето се меѓународни) со биографија на повеќе од 20 страници, го надминува творештвото барем на половина од постојните членови на Академијата. И повторно не помина!

Веќе сме докажале дека не само што знаеме, туку дека и подобро од нив правиме научни и образовни институции. Затоа, ја прифаќаме „фрлената ракавица“!


Преземено од LAJM. Преводот го направи Дијана Тахири. Авторот е член на МАНУ и  ректор на Источноевропскиот Универзитет во Тетово.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ