Роман Шеремета, универзитетски професор во САД, секојдневно објавува коментари за руската агресија против Украина.
Денеска, неговиот коментар е краток, придружен со колаж од фотографии од дел од градовите кои ги разурна рускиот агресор во изминатите четири години.
„Русите срамнуваат цели градови во Украина. Тоа е единствениот „мир“ кој тие го бараат“, напиша Шеремета.
Редакциска белешка:
Фотографиите од разурнатите градови во Украина не сведочат за држава што сака мир. Тоа се акти на злосторнички режим чија единствена „стратегија“ е систематското уништување на градови и животи. Да се прифати каква било „понуда“ од Кремљ значи да се легитимираат воените злосторства и геноцидот како легитимни средства на политиката.
Обработката на насловната фотографија е редакциска.














































