• Latest

Щербак, GO HOME!

May 2, 2018

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Тетово: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија — Што значи тоа?

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Щербак, GO HOME!

May 2, 2018 10:07
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Од кој знае какви побуди, некому му текнало да го повика рускиот амбасадор Олег Шчербак на Факултетот за безбедност. Тема: „Системите на колективна безбедност: историски и актуелни погледи од призма на Руската Федерација”, како што стои на веб страницата на факултетот недела дена по настанот. Во најавата стои дека се одржала средба, а во насловот дека тоа е предавање. Што ли ќе беше? Но, тоа не е важно сега.

Пишува: Џабир Дерала

Говорот или „предавањето“ на Шчербак, чии делови пренесе и државната информативна агенција МИА, не беше никакво изненадување, но јасно покажува дека рускава дипломатија ги скинала сајлите на сите кочници. Шчербак е на чело на дипломатска мисија чиј член беше протеран од Македонија поради шпионажа, дипломат кој, како и неговиот шеф, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, грубо се заканува веќе подолго време.

И со настапот на Факултетот за безбедност, не во Русија, туку во Македонија (!), Шчербак ја јасно покажува дека Русите немаат намера да се откажат од мешање во внатрешно-безбедносните работи на земјава. Тој дрско се расфрла со „лекции“ како треба да се одлучува по прашањата за интеграциите на Македонија.

Ставот на рускиов дипломат е дека НАТО е воено-политички блок кој САД го создава со цел да се конфронтира со Варшавскиот пакт, кој не постои веќе 30 години, па вели: „Добро знаете дека кога солидарноста се става над здравиот разум, тоа е погубно за националните интереси“. Што сака да каже со оваа и онака несмасна мисла? Ако не сме со Русија, тешко нам, тоа е погубно?

Рускиот амбасадор рече дека постои пропаганда со која Русија се претставува како агресор и дека земјите од Балканот се принудуваат да направат вештачки избор меѓу Истокот и Западот. „Последиците од тоа ѝ се познати на Украина која беше ставена под таков ултиматум, што предизвика раздор и граѓанска војна. За жал, нашите западни партнери ништо не научија од ова“ – изјави Шчербак.

Па продолжува со заканите: „Последиците од тоа ѝ се познати на Украина која беше ставена под таков ултиматум, што предизвика раздор и граѓанска војна. За жал, нашите западни партнери ништо не научија од ова… Руската Федерација не може да не биде загрижена за воената доктрина на НАТО во која Русија е прогласена за непријателска. Тоа е многу опасна игра и не би сакале во оваа авантура да ја вовлечат и Македонија. Македонскиот народ да се користи како топовско месо и нејзината територија како НАТО база…“

Со ова, речиси отворено се заканува со воена сила, онака како што руската окупаторска чизма гази по украинско тло, затоа што Украинците решија да му стават крај на про-руското вазалство.

Среде Македонија, ни помалку ни повеќе, туку на Факултетот за безбедност(!), во период кога Македонија со чекори од седум милји ја јакне својата меѓународна положба и „се врати на вистинскиот пат“ (Федерика Могерини), Шчербак отворено ѝ се закани на Македонија, на нејзината сувереност и безбедност.

И како што Факултетот за безбедност од кој знае (а знаеме) какви основания, му даде институционален простор и време на баќушкава, така и македонските медиуми уредно (читај: послушно) и беспоговорно ги пренесоа неговите закани.

Толку ли е моќен рускиот амбасадор во земјава? Толку ли е инфилтрирана неговата мрежа во институциите и медиумите во Македонија? Неприфатливо е како никој не се обиде (или не се осмели, можеби?) ни да постави прашање како дошло до тоа, на идните експерти за безбедност, Шчербак да им држи говор со отворена антизападна содржина и да се заканува со чизма.

Дали амбасадор на било која земја може да седне на рускиот факултет за безбедност во Москва и да мавта со црна пропаганда и да се заканува?

Уште едно тревожно прашање во рускава сказка… Кога го протераа неименуваниот руски дипломат од Македонија, Лавров изјави дека „кога еден или двајца дипломати се протерани од оваа или онаа земја, додека шепотејќи ни се извинуваат, ние сме сигурни дека ова е резултат на огромен притисок и уцена, кои за жал се главната алатка на Вашингтон на меѓународната сцена“.

Кој тоа шепотејќи му се извинувал на Лавров?! Одговор на ова прашање мора да има. Бидејќи, ако не добиеме одговор и на ова прашање, изгледа како да имаме двојна или повеќекратна дипломатија во земјава.

Но, што се однесува до заканите и пропагандата, има само еден одговор:

Щербак, GO HOME! Иди домой!

(ако не разбира англиски)


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дипломатијаМакедонијаМедиумиМИАНАТООлег ШчербакРусијаСАДСергеј ЛавровФакултет за безбедност
Share109Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ