Денеска, на фиксната линија на ЦИВИЛ се јави еден граѓанин кој не се претстави. Беше многу вознемирен и пцуеше. На крајот, се поздрави и се „заблагодари“, велејќи дека сме му го уништиле животот за неколку лајка.
Нашата порака до граѓанинот е дека секој мора да биде одговорен за своите постапки и дека има време да го подобри своето однесување. Ни оддалеку не е можно некому да му го уништите животот поради лајкови, особено не во демократска земја во која дури и оние што шират омраза и повикуваат на насилство (кривично дело) постојано и непречено го прават тоа.
Го поздравуваме граѓанинот и му нудиме поддршка доколку има проблеми поради своите, вредности, определби и ставови, без оглед на тоа дали тие се сосема спротивни од нашите.
ЦИВИЛ Тим за комуникација