• Latest
Петрит Сарачини

За одговорноста и притисокот на јавноста

September 14, 2021

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За одговорноста и притисокот на јавноста

September 14, 2021 21:23
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

По пожарот во болницата во Тетово кој одзеде 14 животи, од секаде ечи зборот – одговорност. Јавни личности од политиката, медиумите, од економскиот и општествениот живот, инфлуенсери на социјалните мрежи – сите зборуваат за одговорност. И со право. Одговорност треба и мора да има.

Но, каква и на каков начин? По принципите на демократијата, правото и правдата, или по оние на сезнајната толпа за линч на социјалните мрежи?

Дали овие луѓе, општествени групи и структури бараат одговорност со намера да му помогнат на општеството да најде чаре за ваква трагедија да не се повтори, или пак за да остварат некаква друга цел, лична или партиско-политичка добивка?

Многумина велат: да беше ова нормална земја, одговорните во ресорот би поднеле оставки веднаш, дури и да немаат некаква вина. И така е. Но, исто така, стои еден неоспорен факт: Оваа земја одамна не е нормална.  И тоа, по многу параметри.

За да стане нормална, во неа, после долги години неодговорност и неказнивост, допрва треба да се воспостават стандарди на одговорност. А тие стандарди подразбираат силни автономни механизми и стручни институции, луѓе со интегритет и независни од партиски диктат, кои ќе ги лоцираат прецизно и брзо и индивидуалните, и системските грешки, и одговорните за нив.

Во оваа смисла, актуелната власт може да рече дека има многу примери за оставки, разрешувања, па и кривична одговорност и притвори за актуелни функционери. Но, исто така, во дел од јавноста има впечаток дека дел од овие примери се последица на јавен притисок, или биле задоцнети и изнудени. Или, накусо кажано, можеби сме тргнати на пат кон нормална држава, ама често пати и институциите, и општеството, ја буткаат колата „на мускули“.

А каде има подобар потсетник за тоа како функционираше (не)одговорноста претходно, од моментите кога за одговорност слушаме дури и од устите на оние што беа дел од претходната „безгрешна“ структура на власт? Најгласно бараат одговорност оние, за кои тој збор беше непозната именка, а кои, наспроти тоа, промовираа и инсталираа цела општествена и системска култура на – неказнивост.

Најилустративен пример за тоа е барањето одговорност кое дојде дури и од Никола Груевски, осуденик што избега во Будимпешта од пресуда и одговорност, човек што ја пеплоса и ограби земјата бескрупулозно и крајно – неодговорно. И? Доби многу лајкови и пофалби од партиските војници. Што повеќе да се каже.

Некои други пак, помаргинални но не помалку радикални структури, окуражени од неказнивоста на омразата која и понатаму се негува од органите на прогонот и правосудството, а понесени од барањето „одговорност“, отидоа дотаму и буквално да ги бараат главите на Филипче, Хасани, Заев, Ахмети, Груби и други функционери. Ќе беселе, стрелале, палеле… И вакви „лево-десни“ сметала, бараат одговорност, наместо – да се соочат со неа.

Одговорност за пожарот што однесе 14 животи во Тетово мора да има. И ќе има. Без оглед каков ќе биде епилогот со оставките на функционерите, пожарот во Тетово и лоцирањето на одговорноста за него најмногу ќе и тежи и штети на актуелната власт и владејачки партии. Затоа, тие би требало да бидат заинтересирани ова прашање да се реши најпрофесионално и најправично, и тоа што е побргу можно, затоа што прозивките (и црната пропаганда) нема да престанат.

А ќе има ли одговорност за повиците за линч, убиства, насилство, за тоните омраза, навреди и лаги изнесени не само деновиве, туку со години наназад?

За таа одговорност нема „притисок на јавноста“?  Никој не прашува? Никого не го интересираат стотици, илјадници секојдневни жртви на мразачите?

Додека е така, тешко е да се очекува одговорно општество. Одговорноста ќе се бара селективно и инцидентно како и досега, затоа што не зависи од систем и механизми, туку од можноста на некои центри на моќ и пропаганда да мобилизираат голем јавен притисок, претежно преку манипулации, дезинформации и омраза, најчесто – за личен ќар. А на штета на општиот, јавен интерес.

Во општество со целосно деградирани вредности и отсуство на чувство за одговорност, за „притисок на јавноста“ не можеме да зборуваме, кога нема јавност, туку општа плукачница, гладијаторска арена во која се бараат глави, а не одговорност.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ