• Latest
27 април 2017

Амнестија

December 13, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Амнестија

December 13, 2018 08:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
27 април 2017

27 април 2017

Share on FacebookShare on Twitter

Јас лично сум многу против амнестии.

Мислам дека на тој начин се подрива правниот поредок и се атакува врз правната сигурност, а најмногу од сѐ, се оштетуваат жртвите на одредени прекршувања на законите.

Мирјана Најчевска

Бев и против генералната амнестија која беше дадена за сите осуденици пред неколку месеци. Мојот став беше дека треба да се повторат судењата секаде каде што постои и најмало сомнение за диригирани пресуди, за партиско влијание или за корумпирани судии.

И сега сум против оваа нова амнестија која е на повидок, а која ја нарекоа помирување и долго време тврдеа дека воопшто не станува збор за амнестија.

Како и секоја друга амнестија и оваа најновава, од една страна, става црта на одредени случувања кои ја потресле заедницата, меѓутоа, од друга страна, не нуди правна разрешница и остава горчлив вкус во устата дека одреден вид прекршувања на законите се казниви, а кај други може да се избегне казната заради политички причини.

Очигледно е дека властодржецот се решил за ваков потег и правните аргументи тука многу малку се земаат предвид и им се посветува многу мало внимание.

Политичкото решение не води сметка ни за психолошкиот аспект (како на поединците инволвирани во насилниот акт – непосредните жртви на насилството, ниту пак на пошироката заедница која како колектив беше изложена на насилството врз избраниците на граѓаните, односно, на стрес од атак врз највисокиот орган на државата). Најчовечки е да се претпостави дека, ако вакво нешто може да им се случи на пратениците, тогаш “обичните луѓе“ не можат да очекуваат никаква заштита од било кој облик на насилство. Од аспект на човековата безбедност, ова е многу проблематичен потег кој може да има далекусежни негативни последици.

Доколку ги тргнеме на страна правото и психологијата, останува политиката.

Во конкретниот момент, амнестијата има политичко оправдување содржано во потребата од брза интервенција во Уставот и создавање услови за имплементација на договорот од Преспа.

Меѓутоа, ова не смее да се толкува на начин кој во целост се откажува од секоја и секаква логика.

Токму со цел барем на најелементарно ниво да биде запазено  правото и на најбазично ниво да биде адресиран психолошкиот момент, потребно е селективно поставување на амнестијата.

Да, треба да одговараат тие кои го осмислиле актот на насилство, го иницирале и од позиција на моќ го овозможиле. Командната одговорност овде има исклучително големо значење и дури и неделувањето треба да се смета како доволно за утврдување на вина. За овие луѓе не смее да има амнестија.

Треба да одговараат тие кои беа долготрајни поттикнувачи, тие кои ја создаваа атмосферата на омраза и насилство и кои ја поведоа масата во акција. За овие луѓе не смее да има амнестија.

Треба да одговараат сите претставници на силите на безбедност, (секој полицаец во униформа и без униформа, секој војник во униформа и без униформа, секој претставник на обезбедување) за кои ќе се утврди дека биле пасивни и не ја вршеле должноста која примарно ја имаат – заштита на луѓето. За овие луѓе не смее да има амнестија.

Треба да одговараат директните насилници кои тепаа, повредуваа, малтретираа. Тоа се луѓе од кои во секој случај треба да биде заштитена заедницата. За секој од нив треба да се води индивидуална постапка, меѓутоа, за овие луѓе не смее да има амнестија.

Амнестијата треба да се однесува на учесниците во толпата. На тие кои викаа, цркаа, кршеа. За сите оние кои не дигнаа рака на никого. Затоа што тоа се изманипулирани, заведени луѓе кои можеле да бидат спречени во нивните активности  доколку функционирале органите на државата. И кои не ја преминале линијата на насилството кон друго човечко суштество. Овие луѓе треба да бидат амнестирани.

И, амнестијата треба да се однесува на пратениците кои ги отворија вратите и кои ја пречекаа толпата. Тие точно знаеле што прават и со која цел, меѓутоа се дел од политичкиот договор кој треба да ја извлече Македонија од дупката во која е заглавена. И тоа не може да биде занемарено. Тие треба да бидат амнестирани, под еден услов – веднаш по гласањето за уставните измени да дадат оставка на функцијата пратеник. Со тоа ќе покажат дека ја разбираат грешката, ја прифаќаат вината и знаат дека не се достојни за вршењето на пратеничката функција.

И уште еднаш ќе повторам, јас лично сум против амнестии. Мислам дека овој институт треба да се користи многу ретко и со големо внимание. И мислам дека секоја амнестија треба да биде проследена со низа активности кои треба да го заздрават раскинатото тело на правдата и да им овозможат на луѓето да ја прифатат неправдата. Без тие активности, амнестијата е само постојан извор на незадоволство и можно жариште на конфликти.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share51TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ