• Latest
Арбен Таравари

(ВИДЕО) Таравари за ЦИВИЛ МЕДИА: Состојбата во Македонија е безнадежна и депресивна; би сакал, по изборите, да имаме Влада која ќе го продолжи одот кон ЕУ

December 26, 2023

Ненаучени лекции: Многу пари, малку демократија – политичка конкуренција и финансирање на кампањите пред локалните избори 2025 (14)

January 27, 2026
Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

January 27, 2026
Илустрација ВИ

Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

January 27, 2026

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Таравари за ЦИВИЛ МЕДИА: Состојбата во Македонија е безнадежна и депресивна; би сакал, по изборите, да имаме Влада која ќе го продолжи одот кон ЕУ

December 26, 2023 07:47
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Арбен Таравари

Арбен Таравари (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Веќе сме во засилена предизборна трка, иако официјално не се потврдени изборните програми и рокови. Со д-р Арбен Таравари, интелектуалец, виш научен соработник по предметот неврологија, во Универзитетската клиника за неврологија, градоначалник на Гостивар и лидер на Алијансата за Албанците, разговаравме на 18 декември во Гостивар.

На 19 декември, во копродукција на Слободен печат со ЦИВИЛ, д-р Таравари говореше и на актуелни политички теми за потребата од заеднички изборен настап на сите проевропски сили во земјата и за ставот на партијата дека нема да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ дури и да им бидат понудени 15 министерски места во владата, доколку не оди по европскиот пат.

Ова интервјуто со д-р Таравари за ЦИВИЛ МЕДИА е на пошироки општествено-политички теми со кои може да се заокружи годината што изминува и да се отворат прашањата за перспективите во идната.

Меѓу другото, од нашиот соговорник побаравме да ја оцени политичката состојба во земјата (и) во контекст на изборите, но и за опозициската блокада на евроинтеграцискиот процес. Исто така, со него разговаравме и за неколку други теми, како што се заканата од дезинформациите, како и за националистичките наративи чија експанзија се бележи во овој предизборен период.

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА: Каква е општествено-политичката состојба во Северна Македонија, особено во поглед на ова предизборно доба?

Д-Р АРБЕН ТАРАВАРИ: Предизборната кампања е започната. Ги знаеме и датумите кога изборите ќе се одржат, 24 април и 8 мај, по консензус на повеќето парламентарни политички партии.

Состојбата во Македонија, за жал, е некако безнадежна и депресивна, особено откако не се случија уставните промени. Одредени држави ги започнуваат преговорите, Молдавија и Украина, за Албанија уште не се знае, а за Македонија, по сè изгледа, шансите да се случат уставните промени се мали до изборите. После избори ќе остане многу тешка задача, имајќи предвид дека Влада нема да имаме до крајот на мај. Во јуни веќе се парламентарните избори во ЕУ, а наесен се претседателските избори во САД, така што влегуваме во еден период кој некако е безнадежен за нашата држава.

Сите политички партии, не дека се влезени, туку сме во кампања. Мислам дека ќе биде тежок период. Често го споредувам со 2008 година. Тогаш имавме ваков предизвик како држава, кога се вративме од Букурешт разочарани. Тогаш не прифативме одредена промена само за надворешна употреба за државата, дојдовме до избори со ветување, штом тие поминат веднаш ќе се реши проблемот и веднаш ќе бидеме членка на НАТО. И констатиравме дека ни требаа уште 11 години за да се случи промена на името, не само за надворешна употреба, туку и внатре да се плашат да користат Република Македонија.

За жал, многу полошо решение. Значи, ни требаа 11 години да најдеме некакво решение и тоа со полош компромис за нашата држава. Повторно, јас мислам дека се наоѓаме во таа точка. Мој впечаток е, би сакал да грешам. Состојбите во државата јас ги гледам поларизирани, дури можеби и полошо отколку во 2001 година.Арбен ТаравариЦИВИЛ МЕДИА: Кои се главните наративи во кампањата што е во тек?

ТАРАВАРИ: Тоа е наративот што го слушаме ние секојдневно од политичките партии. Јас често бев критикуван како националист, затоа што велам дека можеби ќе влеземе во подлабока криза, после оваа што ни се случува со ЕУ, односно после тоа што ние самите решивме да не го смениме Уставот, да не ги започнеме преговорите, туку да бидеме Швајцарија, како што велат одредени политичари, а ние дефинитивно немаме такви капацитети како Швајцарија.

Наративот што се користи од одредени македонски политички партии е разочарувачки. Јас сум многу горд што, барем досега, кај албанските партии не постои таков наратив. Меѓутоа, нема никаква гаранција дека, по шест месеци или по две години, ваков наратив нема да создаде некаква реакција на поинаков наратив и да се отвораат теми кои можеби ќе бидат тешки за разговор, меѓутоа не се табу ниту тие теми.

Јас често кажувам дека отвораме пандорина кутија и влегуваме во сѐ подлабока криза. Но, некогаш требаат 80 гласови во Парламентот за да се направат одредени промени. Да имаме некаков консензус за да ги направиме итно сите потребни реформи што ќе бидат надгледувани од некои што имаат поголемо искуство во демократијата, а тоа се европските држави, без дилеми. Јас би сакал, барем по изборите, какви и да бидат резултатите, да имаме Влада која ќе го продолжи одот кон ЕУ.

Арбен ТаравариЦИВИЛ МЕДИА: Тој пат е невозможен, ако немаме уставни измени…

ТАРАВАРИ: Дефинитивно. Уставните измени се услов, ако некој понатаму не бара и некој нов договор. Ако има нов договор, јас гарантирам дека ќе биде полош, затоа и направив споредба со 2008 година. Имавме можност да бидеме Северна Македонија само за надвор, а сега сме и за внатре и за надвор.

Често ја спомнувам анегдотата, пред Рамбује, Ругова со Јасер Арафат се сретнуваат некаде и му кажува дека ќе имаат состанок во Рамбује за проблемите меѓу Србија и Косово. Пораката што Арафат му ја дал на Ругова е: „Прифати го првиот предлог.“ Секој иден ќе биде полош и полош. За среќа Косово тогаш го прифати првиот предлог во Рамбује. И за среќа, таму работите отидоа многу подобро отколку кај нас и јас би сакал овој пат да продолжи по секоја цена, бидејќи немаме друга алтернатива. Или никој не ни кажува, барем, која е другата можна алтернатива ако не го изодиме европскиот пат.Арбен ТаравариЦИВИЛ МЕДИА: Во контекст на она што се случува на подолг рок во Гостивар и во општините што имаат слична етничка композиција – како ќе ги оцените меѓуетничките односи во општината што ја раководите, особено во предизборен контекст. Како живеат различните етнички заедници во овој период, кој е под сенка и на блокираните евроинтеграции?

ТАРАВАРИ: Гостивар е мултиетнички град. Јас често велам – Македонија во мало. Со многу добро меѓусебно разбирање меѓу етничките заедници што живеат во Гостивар. Јас би сакал да кажам дека во Гостивар живеат 12% Турци и турскиот јазик е официјален јазик во Гостивар. Исто така, сакам да кажам дека и турското знаме стои пред Општината, на што сум многу горд. Тоа е мој предлог, а одлука на Советот на Општината, едногласно од сите политички партии.

Исто така, горд сум што ромското знаме се вее пред Општината како единствена општина во светот – иако Ромите се околу 2% во градот – со одлука на Советот, со консензус.

Екстремни луѓе насекаде има, па и во Гостивар. Меѓутоа, некако се маргинални структури, бидејќи повеќето граѓани на Општина Гостивар, живеат заедно. За разлика од другите општини, каде што различните етнички заедници се сегрегирани, одделени, овде и живеат заедно, и одат по исти кафеани и ресторани, и некако не се спомнува оваа тема. Барем мој впечаток е дека ова не е само моја заслуга, туку и на претходните градоначалници. Можам да кажам дека од 2003/2004 година, оваа тема некако не е битна и не се разговара. Во сите наши училишта, посебно во градот, се со паралелки на сите јазици.

Гостивар може да послужи како пример за државата како треба да се функционира и како треба да се има компромис меѓу тие различни етнички заедници, за да градиме подобра и пофункционална општина и да размислуваме повеќе за други теми отколку за овие, за мене небитни, во 21 век.

Арбен ТаравариЦИВИЛ МЕДИА: Во контекст на изборите, да се вратиме на тоа како се однесуваат политичките ентитети во таа политичка трка. Познато е и во претходните изборни процеси, и не само во Северна Македонија, дека дезинформациите се алатка за пропагандата. Како ја оценувате ситуацијата, како мислите дека ќе се развиваат состојбите во поглед на дезинформациските кампањи, особено ако имаме предвид дека националистичките наративи се интегрален дел од тие наративи. Како мислите дека ќе се развива оваа ситуација и дали можете да препорачате нешто на јавноста или можеби на институциите – како да се справат со нив?

ТАРАВАРИ: За жал, навистина, веќе лажните вести и дезинформации се силна алатка што се користи во последните две-три години, особено по социјалните мрежи. Тие се, некако, како наркотик за граѓаните кои не можат да живеат без смарт телефони. Меѓутоа, барем знаеме кои се изворите на сите тие дезинформации и лажни вести.

Јас не знам како тоа е уредено во другите држави, меѓутоа, мислам дека и нашата држава може да најде некаков механизам како да се стопираат или да се оневозможат лажните вести и ширењето на дезинформациите.

Знам дека кампањите се периодот кога најмногу се користат. Ние сме поминале, посебно од 2020 година, парламентарни избори и 2021, локални избори. Овие блогови и производството на лажни вести кои се шират екстремно, се злоупотребуваат за одредени цели. Мора да се најде некаков законски механизам да се казнат тие што ги споделуваат или произведуваат и да се превенира за да не дојде до такви вести, бидејќи навистина создаваат состојба на несигурност, на лажно информирање на јавноста, а тоа после може да има и лоши ефекти врз изборот на нашите претставници во Собранието.

Некој троши многу пари за да произведува и да шири вакви вести. Целите се знаат кои се. Јас не би сакал да помислам, иако сомнежи постојат кај сите нас, дека некој и од надвор ги нарачува и ги плаќа овие вести да се произведуваат и шеруваат.

Но без да се има сигурни докази, не може да се каже. Се надевам дека сите страни што ќе учествуваат на овие избори ќе бидат внимателни и што помалку ќе ја користат оваа алатка што се злоупотребува на големо, за жал, во последните години.

Џабир Дерала
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Горан Наумовски
Монтажа: Ариан Мехмети
Обработка на текст: Биљана Јордановска

Tags: Алијанса за АлбанцитеАрбен ТараваридезинформацииЕУизборимеѓуетнички односиуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ