• Latest
„Демократија“ - улична уметност, Хамбург, Германија.

Кој го закочи двогодишниот напредок на глобалниот индекс на демократија, како до подобар ранкинг идната година?

February 3, 2021
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој го закочи двогодишниот напредок на глобалниот индекс на демократија, како до подобар ранкинг идната година?

February 3, 2021 18:04
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
„Демократија“ - улична уметност, Хамбург, Германија.

„Демократија“ - улична уметност, Хамбург, Германија.

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Индексот на демократија (Democracy Index) на The Economist за 2020 година и оценките што дојдоа напредокот на земјата во 2018 и 2019, не исправаат повторно пред старо-новите предизвици, со кои се соочуваме во некои од клучните параметри и области по кои се мери функционирањето на демократијата во светски рамки.

Што се случи? Во минатите две години, конечно, имавме целосно вртење на деценискиот курс и, за првпат по долго време, напредок на С. Македонија на овој угледен глобален индекс. Кој го закочи напредокот, што дојде после долг, децениски слободен пад за време на режимот на Груевски, кој не случајно е наречен така, бидејќи токму тој придонесе за деградацијата, која од „демократија со фалинки“ нѐ смести во земјите именувани како „хибридни режими“?

Годинава нашиот скор е 5.89. Нашиот скор за 2019 беше речиси 6 (5.97), а 6-ката е граница меѓу категориите хибриден режим “hybrid regime” и демократија со фалинки „flawed democracy”. Најлошо бодување, откога се мери овој индекс, сме имале во 2016 година (5.23). Тогаш преминавме од „демократија со маани“ во „хибриден режим“. Најдобар скор сме имале во 2006 (6.33). А што се случи помеѓу најдобрата 2006та и најлошата 2016та година, знаеме сите добро.

Туку, доста за минатото, ајде за сегашноста. Знаеме дека индексот мери неколку области. Каде потфрламе? Годинава во извештајот со пониски оценки се оценети две области. Кои се тие, и што можеме да направиме за идната година да имаме подобро рангирање?

Првата забелешка е во областа на граѓанските права и слободи, кадешто сепак задржуваме висока оценка (7,06), но сепак сме послабо оценети од претходно поради рестрикциите за време на пандемијата. Тоа е и разбирливо, бидејќи кога започна опасноста во Северна Македонија беше распуштено Собранието, па властите мораа да прибегнат кон прогласување вонредна состојба, при што техничката влада (во која учествуваше и опозицијата) доби прешироки овластувања и моќ на носење одлуки кои согласно развојот на болеста ги ограничуваа слободите на граѓаните.

Но, многу поиндикативна е втората област што е посочена од Економист, а тоа е политичката култура, каде имаме убедливо најслаба оценка, 3,16. И тука, според очигледната деградација која сите ја гледаме и чувствуваме, во оваа реалност полна со поделби, насилство, омраза, навреди, лажни вести и дезинформации – можеме да се согласиме со оваа оценка.

Но, кој е тој што придонесува за деградацијата на политичката култура? Кои се политичките партии и лидери што се посочувани и во официјални европски извештаи како ширачи на дезинформации? Кои се тие што јавно велат дека ќе бесат и стрелаат, што велат дека децата крв ќе плукаат, што пцујат, клеветат и навредуваат и поттикнуваат насилство и омраза кон жени, политички опоненти, новинари, активисти? Кои се тие што постојано поттикнуваат меѓуетничка и меѓуверска омраза? Не треба ниту нив посебно да ви ги претставуваме, деновиве самите се јавија со „честитки“ за оценките на Глобалниот индекс, за кои самите се најголеми виновници!

Покрај овие конкретни предизвици што се резултат на очигледни причини и причинители, ни остануваат предизвиците за продолжување на напредокот во другите области. А таков простор за напредок има и во категоријата на политичко учество (каде сме оценети со 6,11 индексни поени), а во категоријата на фунционирање на власта, каде можеме подобро од осредната оценка 5,71.

Охрабрува тоа што меѓу земјите со слични оценки, отскокнуваме со напредокот во областа на изборите и политичкиот плурализам, а подобрувањето на изборните стандарди и обезбедувањето на фер и транспарентни избори, за што сме и посебно посочени и пофалени како земја, ни донесе висока индексна оценка 7,42.

Тоа е реалноста. Можеме повеќе, но има дел од општеството и политичките фактори кои свесно работат против демократијата во својата земја. Ни треба повеќе политичка култура, но и повеќе работа, затоа што, како што гледаме, доколку опасностите кон демократијата не се адресираат соодветно, тоа што со мака се стекнува, лесно се губи.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ