Мухамед ал Џунде, 16-годишен бегалец од Сирија, ја доби годинешната Детска награда за мир, што ја доделува холандската Фондација за детски права.
Наградата на Џунде му ја врачи младата Пакистанка Малала Јусафзаи, која е добитничка на Нобеловата награда за мир.
Џунде беше одликуван поради неговата работа да се отвори училиште во бегалскиот камп во Либан каде што живее. Семејството на Џунде побегнало од Сирија во Либан во 2012 година, а тој ги организирал роднините и пријателите за да се изгради училиште во кое се предаваат англиски јазик, математика и други предмети.
Околу 11 милиони жители на Сирија се бегалци или внатрешно расселени лица, како последица на граѓанската војна. Од нив, 2,5 милиони се деца.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.