Categories

ЕРУСАЛИМ Палестинците повикуваат на генерален штрајк и протести поради одлуката на Трамп

Палестински граѓански и исламисткички организации повикаа денеска да се одржат генерален штрајк и протестни митинзи, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Палестинското Министерство за образование денешниот ден го прогласи за неработен, и ги повика наставниците, учениците и студентите да учествуваат во протестите во Западниот брег, Појасот Газа и палестинските квартови во Ерусалим.

Палестинците синоќа ги изгасија и сијаличките на новогодишната елка кај Црквата на Христовото раѓање во Витлеем, во знак на протест против одлуката Трамп.

Угасени беа и сијаличките новогодишната елка во Рамалах, во близина на гробот на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email