Categories

ОН СБ на ОН на вонредна седница по одлуката на Трамп за признавање на Ерусалим

Осум земји од 15-члениот Совет за безбедност на ОН синоќа побараа свикување на вонредна седница на Советот, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. 

“Претставниците од Боливија, Велика Британија, Египет, Италија, Сенегал, Уругвај, Шведска и Франција побараа од јапонското претседателство на Советот за безбедност да организира вонредно заседание со експозе на генералниот секретар Антонио Гутереш, што ќе биде одржано до крајот на неделва“, се наведува во соопштението на шведската мисија во ОН.

Заседанието веројатно ќе биде одржано утре.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email