• Latest

Со доделување на наградите завршија Рациновите средби 2018

June 16, 2018
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со доделување на наградите завршија Рациновите средби 2018

June 16, 2018 09:32
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со доделување на наградите синоќа во Народниот театар во Велес заврши 55. издание на поетската манифестација „Рацинови средби“.

Рациновото признание за 2018 му беше врачено на Игор Станојоски за романот „Диссомнии“ во издание на „Антолог“, а Почесното Рациново признание на Дијана Влатковиќ и д-р Борјана Прошев-Оливер од Хрватска за Хрватско – македонски речник. Наградата „Антологија на болката“ за електронска објава ја доби Емилија Каранфиловска за „Изградив дом во твојот поглед“.

Проф д-р. Христо Петрески, член на жири комисијата, појасни дека ова е најзначајното признание во Македонија што се доделува за проза.

– Тоа значи дека нема автор во Македонија којшто не го посакува. Јас заедно со професор д-р Луан Старова и професор д-р Венко Андоновски како жири комисија имавме тешка и одговорна задача да го одбереме добитникот во куп од 20 дела. Читавме романи и раскази, а конкуренцијата беше мошне сериозна, рече Петрески.

За наградениот роман, истакна дека станува збор за компактно и комплексно дело, за извонреден ракопис, книга за која верува дека ќе биде во самиот врв на македонската прозна продукција и која ќе си го најде патот до читателите.

Петрески најави дека наскоро на „Рациновите средби“ ќе се доделува и награда за најдобра поезија, не само на поети од Балканот, туку и од целиот свет.

Добитникот на Рациновото признание, 39-годишниот Игор Станојоски во изјавата за МИА потенцира дека наградата за него има големо значење.

– Мислам дека наградите претставуваат мотивација за писателите да продолжат со творештвото, но тоа според мене има помало значење, бидејќи писателот не треба да чека награди за да има мотивација. Мислам дека наградите се мотивација за читателите кон квалитетната литература и многу е важно наградите да се доделуваат праведно за да им дадат правилен патоказ на читателите, изјави Станојоски.

Идејата за романот, како што појасни, потекнува од 2014 година и периодот на, како што вели, инкубација траел до пролетта 2017 кога се зафатил со активна работа од пет-шест месеци. – Идеите беа црпени од некои настани што се случија на преломот од 2013 и 2014 година во врска со воената револуција во Украина од што потекна првата и главна идеја за овој роман, нагласи Станојоски.

Добитниците на Почесното Рациново признание најавија и македонско-хрватски речник.

– Работата на речникот беше многу тешка и макотрпна. Пет години сами работевме. Приказната останува недовршена, затоа наскоро треба да се направи и македонско-хрватски речник. Сега логистиката треба да се осмисли и се надевам дека оваа Рациново признание ќе ни отвори некоја врата за што поскоро негово издавање, изјави Борјана Прошев –Оливер.

Рациновите средби завршија со концерт на етно групата „Љубојна“. Годинава, се одбележуваат 110 години од раѓањето и 75 години од смртта на Коста Солев Рацин.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Коста Солев РацинЉубојнанаградиНароден театар Велес
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ