• Latest
Добро утро со Орданоски

Спортска нација за на бајачка

January 24, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Спортска нација за на бајачка

January 24, 2018 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ако и мнозинството гледачи на синоќешниот ракометен натпревар на Македонија со Чешка, и јас доживеав прединфарктна состојба во последните три-четири минути од играта. Среќа, мојата килажа, со оглед на телесната „амбалажа“ со која располагам, не дозволува, кога паѓам во несвест, да се повредам, инаку ќе завршев најмалку со некој прелом и набиени ребра… После малку си поплакав, додека го лепев далечинското од телевизорот; па го шутнав кучето да спие на тераса и да им прави друштво на уште триесетина шутнати кучиња на терасите по околните згради (го вратив назад за 5 минути, кога ме облеа студена пот и заради самата помисла на оние од Анима Мунди!), искарав некое од децата заради нефрленото ѓубре што го прерипнуваат два дена од пред врата, на нервна база намачкав четири парчиња леб со ајвар и ги слупав со прилепско биено сирење (со што нагло ставив крај на упорната, долготрајна, исцрпувачка дводневна диета), за на крајот да почнам да си ги масирам слепоочниците за да не фатам канцерогена гангрена на нервниот систем. Среќа за жена ми што не се погоди во околина, инаку како бев наакан и бесен, сто посто ќе ме шутнеше да спијам на тераса. Е, не, басми ќе ѝ предев!

Па, мислам, како е можно да доминираш на натпреварот во 50 минути од играта, а потоа да се „стопиш“ за 5-6 минути, за на крајот и да загубиш?! И ова да ти се случува редовно, во секој спорт во кој имаш некаква меѓународна шанса, со децении наназад?! Тоа мора да има врска со работи кои ги надминуваат само техничките, тактичките и физичките елементи во спортот, со провидението на среќата или со заговорот на сите спортски судии во светот против нашиот неизмерен спортски талент…

И има.

„Ни недостигаше карактер за да победиме“, изјави по натпреварот еден од нашите ракометари, Филип Миркуловски. Точно така.

Малку луѓе разбираат што, всушност, претставува карактерот. Неговата проценка кај другите најчесто ја мешаат со тоа како некој се однесува – дали е љубезен, весел, меланхоличен, мрзелив или срамежлив, на пример. Но, карактерот е многу повеќе и подлабоко од надворешните особини на некого, бидејќи е втемелен врз внатрешните морални вредности што некој ги поседува, тој идентитетски темел на личноста. На пример, можете да бидете весел (особина), но нечесен (вредност); или мрзелив (особина), но праведен (вредност); или срамежлив (особина), но храбар (вредност)… Можете да се венчате со некого и по три недели познанство, доколку се вљубите во неговите или нејзините особини; но, препорачливо е да „поодите“ со кандидатот барем некоја година, за да му го дознаете карактерот. (Да не навлегувам, сега, во ласцивните прашања за должината на имотните листови, за должината/ширината на одредени еластични екстремитети и другите предбрачни дребулии…)

Со други зборови, вредностите на нечиј карактер произлегуваат од трајните верувања, од базичните општествени концепти за тоа што е добро или лошо, лага или вистина, правда или неправда… На тие вредности, на склопот што ја сочинува културната матрица во твојата заедница, почнуваш да се учиш, а потоа и да ги споделуваш, уште од деновите кога, таму некаде, се одвикнуваш од мајчиното млеко.

Значи, кога Миркуловски ќе изјави дека „ни недостигаше карактер за да победиме“, тоа не се однесува (само) на практичното однесување на нашите ракометни репрезентативци на теренот онаа вечер со Чесите… Туку, пресудно, во драматичните моменти на натпреварот, се однесува на тоа дали верувале („дали имале муда“, што би се рекло) дека можат да победат, пред да им се затресат колената во пресрет на можноста од пораз! За тоа во спортот – како и во животот – не помагаат бајачки и астролози, па ниту феноменалните тактички тренерски или исцрпувачките физички подготовки, туку цврстината на карактерот што се гради уште таму негде, на часовите по физичко воспитување во трето одделение основно училиште.

Затоа, кога малку ми помина лутината некни по ракометот, пригодно на полноќ, го отворив фрижидерот да видам дали останало нешто од онаа пушена, диетална сланинка што ја криев зад теглите со џем и малиџано… Нема!? Ја изеле?! Па, со кои бескарактерни стрвни дечишта јас живеам, ебате!!!

Ма, со ваква младина, никогаш од нас нема да биде европски прваци, во ништо!… А и кучево што ми се плетка низ нозе баш би можело малку на тераса да се олади! Анима, Анима, та преку Мунди!

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Share334TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ