• Latest

Станица: Студентска можност за алтернативни и креативни активности

May 30, 2018

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да престанат да се однесуваат како да ги донеле институциите од дома, отчетност и транспарентност, референдум за стратешки одлуки – им порачаа граќаните на властите

June 23, 2025
Фото: Фејсбук на Државен студентски Дом - Скопје

УСС УКИМ бара функционални лифтови, топла вода и навремено решавање на проблемите во студентските домови, до каде се ланските ветувања на министерката Јаневска

June 23, 2025
Фото: Д. Мишев

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Mицкоски вели дека успеа да го амортизира обидот за нов удар врз македонскиот идентитет и јазик

June 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Трагикомедија и цинизам: Додека ги ракетита украинските цивили, Русија ги осудува американските напади врз Иран како „кршење на меѓународното право“

June 23, 2025
Газа, фото: принтскрин Х

Шефот на UNRWA ги повикува земјите од ОИС да дејствуваат додека милиони палестински бегалци се соочуваат со криза

June 23, 2025
Фото: ВИ - „Тато дали сме во војна“

Тато, дали сме ние во војна?

June 23, 2025
Самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск. Фото: Скриншот од видео на WION

Во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск најмалку 22 лица се убиени, а 63 други се ранети

June 23, 2025
Протести во Иран  против вклучувањето на САД во конфликтот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Додека Трамп тврди дека САД уништиле ирански нуклеарни објекти, светот чека одговор од врховниот лидер Хамнеи

June 23, 2025
Пожарникарите гаснат запалени остатоци по рускиот напад со ракети и беспилотни летала врз Киев на 23 јуни 2025 година, во кој загинаа најмалку пет лица, а 13 други беа повредени. Фото: Државна служба за вонредни состојби на Украина

Во рускиот масовен напад со ракети и дронови врз Кијив убиени најмалку 7 лица, а 19 се повредени

June 23, 2025
Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

June 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Станица: Студентска можност за алтернативни и креативни активности

May 30, 2018 12:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј вчера студентите имаа можност преку  целодневна алтернативна програма исполнета со предавања, работилници и презентации на истражувања и креативни активности да дознаат и поразговараат повеќе за емиграција на младите, дискриминација во образованието, сексуалното вознемирување во Македонија и младинската невработеност.

Еден од истражувачките тимови својот приоритет го стави на пристапот на младите со попреченост во образованието. Според нив, поминати се две децении од почетокот на образовната инклузија во Македонија, а со тоа и 20 генерации, но напредокот е спор. Тие посочуваат дека треба да се направат законски измени во кои јасно, детално и недвосмислено ќе биде дефинирано кои се правата, можностите и должностите на учениците и студентите со посебни потреби.

Овие истражувачки трудови кои наскоро ќе бидат во целост објавени се јасна слика дека младите студенти и истражувачи во земјата знаат да одберат важни теми и можат да дадат голем придонес. Преку нивните истражувања тие  не само што ги надоградуваат своите лични знаења туку, и  обезбедуваат нови податоци во значајни полиња за академската заедница и општеството, кои можат да бидат употребени при процесот на носење одлуки, особено во областите кои беа истражени.

На Станица: Студентска посетителите можеа да се запознаат и зачленат во 20 младински организации преку отворен саем. Дел од организациите одржаа и свои предавања на факултетот, со што Национален младински совет на Македонија, ЏЕФ Македонија, ХЕРА, ЕМСА, ИАЕСТЕ, Субврезивен фронт, КРИК, Гоу грин, Истражувачко друштво на студенти биолози, Social Impact Award, Сојуз на извидници и индивидуалци истакнати во своите полиња, дадоа придонес кон збогатување на академскиот ден на студентот.

Станица: Студентска имаше за цел да обезбеди простор за современи предавања кои студентите ретко имаат можност да ги следат на нивните факултети, можност да се информираат за организациите кои се отворени за нив, да учествуваат во работилници, да се запознаат со нови истражувања и да разменат искуства и контакти.

Шестото издание на Станица: Студентска го организираше МОФ со поддршка на Фондации Отворено општество.

Б.Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МОФСтаница: Студентска
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ