Јужна Кореја и САД денеска ги започнаа годишните, досега најголемите воени вежби, што ќе се одржуваат до петок, а во кои ќе учествуваат 230 авиони, вклучително и шест, „невидливи“ ловци „Ф-22 Раптер“, исто толку ловци-бомбардери од петта генерација Ф-35А и два стратешки бомбардери „Б-1Б Ленсер“.
Вежбите започнуваат само една недела откако Северна Кореја ја лансираше најусовршената балистичка интерконтинентална ракета досега.
Учесниците за време на маневрите ќе симулираат различни сценарија, вклучително и извршување напади со голема прецизност врз цели кои претставуваат копии на објектите во Северна Кореја, каде се претпоставува дека се наоѓа нуклеарно оружје.
Според Вашингтон, воените вежби на САД и Јужна Кореја имаат за цел да ја зајакнат подготвеноста и оперативните можности на армиита на двете земји, како и да ги гарантираат мирот и безбедноста на Корејскиот Полуостров.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.