• Latest

ЦИВИЛ ќе го набљудува прегласувањето во Чаир

November 8, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ ќе го набљудува прегласувањето во Чаир

November 8, 2017 12:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе го набљудува прегласувањето за градоначалник на општина Чаир на избирачкото место 2901, кое ќе се одржи на 12 ноември (недела).

Мониторинг тимовите на ЦИВИЛ и по завршувањето на вториот круг од локалните избори се постојано на терен и ја набљудуваат состојбата пред прегласувањето в недела. ЦИВИЛ е во постојана комуникација со набљудувачите, граѓанските новинари, волонтерите и граѓанките и граѓаните од општина Чаир. 

Неколку месеци пред распишувањето на локалните избори, ЦИВИЛ започна со мониторинг на општините низ целата земја, ги следеше состојбите на терен и собираше информации од своите соработници за текот на подготовките за изборите, како и за двата круга од изборниот процес. Дел од овие информации се веќе објавени на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа, како и на веб-страниците на албански и англиски јазик, а дел од нив за прв пат ќе бидат објавени во финалниот извештај на ЦИВИЛ по завршувањето на изборниот процес.

Огромен број материјали и содржини од терен пристигнуваа во текот на предизборниот период, на двата изборни дена. Информации од терен стигнуваат и овие денови пред прегласувањето во избирачкото место 2901.

Објавувањето и расветлувањето на сите аспекти на изборните процеси во земјата ќе продолжи и понатаму, преку одличната соработка со набљудувачите, дописниците, граѓанските новинарки и новинари и волонтерите на ЦИВИЛ.

Ги повикуваме граѓанките и граѓаните, медиумите и сите засегнати страни кои имаат информации за изборни нерегуларности да ги пријават на телефонските броеви 02 / 5209 176, 071 608 523, 078 / 746 138 и онлајн формуларот www.slobodniizbori.info.

ЦИВИЛ – Центар за слобода има нулта толеранција кон изборните нерегуларности и ги повикува сите учесници во прегласувањето на избирачкото место 2901, на 12 ноември, да придонесат за мирен, слободан и демократски изборен ден.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бесаграѓански новинариДУИлокални изборинабљудувачипрегласувањесоработкаЦивилЧаир
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result