• Latest

Димковска: Ние во самата генеза имаме спој на различности

June 3, 2021
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Димковска: Ние во самата генеза имаме спој на различности

June 3, 2021 14:20
in ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Па кога веќе се бавиш со актерство, и кога осознаваме различни луѓе со различни навики, различни од нас самите, од позитивни страни до негативни, бидејќи некогаш ќе играме девици но некогаш ќе играме и убијци, па и убијците треба да ги разбереме на сцена. Тогаш разбирам дека во сржта, сите луѓе се исти, баш кога ги спремам улогите, и дека сите позади нас имаме некакво минато кое не тера на некакво однесување. И доаѓаме до тоа дека мене актерството впрочем секојдневно ме учи да ги почитувам различностите, ме учи дека сум дете на светот, дека искрено за мене лично како Владанка не постојат нации, не постојат поделби, бидејќи на крај на денот сите сме од крви и месо, сите плачеме и се смееме на ист начин и еднакво не боли„  истакна  актерката Владанка Димковска на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“

Низ призма на мојата професија, емоциите се тие што се битни, емпатијата е таа што е битна за да се разбере другиот. Во мојот матичен театар во кој што работам има албанска драма и има македонска драма, така што ние истите текстови ги правиме на различни начини и зборуваме за истите емоции на сцена  и исто разбираме. Дури и кога ќе се сретнеме со колегите, бидејќи нели нормално не ги знаеме јазиците во целост, се разбираме со емоција што треба да кажеме. Многу често и на сцена кога ќе се сретнеме тоа е доказ дека навистина сме едно и дека разлики не постојат, сами ги цртаме нашите граници како луѓе и сами си поставуваме бариери.

Имав можност викендов да прошетам до Белград, и таму гледав актери на сцена што го работат тоа што го работам и јас, и гледам дека всушност дека се исти, дека нема разлика во ништо. И се потсетив на тоа дека имаше и срби и Хрвати и јас како Македонка, и се избриша минатото, се избриша историјата, се зборуваше за култура за уметност, за унапредување, соединување, за повторно создавање на нешто бидејќи ние во самата генеза имаме спојка на различности, и ние не смееме да дозволиме  тоа да ни биде маана, напротив тоа треба да ни биде наша доблест. Така да мојата професија ми помага да учам секојдневно, да го учам човекот, да го разберам, каков и да е тој.

Јас гледам и слушам музика која не ја разбирам. На пример не знам француски јазик и генерално не ги разбирам песните на француски ама обожавам да ги слушам. Исто така гледам многу шпански серии, модерниве на Netflix што ги има. Платформата Netflix ни дозволи едно поинакво шаренило, па можеме да гледаме квалитетни норвешки и дански серии, со кои апсолутно немаме никакви допирни точки со Скандинавија.  Никогаш не сум го размислила ова на овој начин, најверојатно дека не сум му давала некакво значење бидејќи за мене, јас гледам како играат актерите и пак ќе се навлечам на она основното, дека ми е битен човекот а не јазикот на кој што зборува или нешто друго. Најверојатно тоа се има пресликано во мојот приватен живот од професијата бидејќи генерално и вака во други ситуации не дозволувам да има некоја бариера, напротив ако видам дека има некоја таква граница пробувам да ја срушам или да ја намалам и да  објаснам дека можам да научам од таа разлика, но исто дека и тие можат да научат од моите, да можеме да се најдеме на половина пат.

Сметам дека сите почетоци за поинакво општество тргнуваат од образованието. доколку се вратат различностите во клупа, и доколку и таму нема поделба и доколку дозволиме да се учат повеќе јазици, така подобро ќе го запознаеме светот околу нас.

Вака лично не сум, најверојатно не се движам во такви кругови па да чувствувам многу големи поделби и многу големи разлики, нормално, сите сами си го бираме кругот на луѓе. Сметам дека дел од нив се политички наметнати и дека тоа ги прави разликите да бидат негативни а не позитивни и дека мора да се смени начинот на кој што се зборува за разликите дека тие се всушност наша најголема доблест и предност во светот, бидејќи е предност да живееш во мултикултурно општество. Предност е килимот да ти биде од најразлични шари и сметам дека само преку образование може да го смениме тоа за генерациите што идат.

Сметам дека мора да се учат сите јазици што се присутни кај нас бидејќи тоа е таа јазична бариера која мора на некој начин да се скрши и мислам дека сме на добар пат тоа да го смениме. Јас одбирам да верувам така бидејќи сакам да живеам во таква средина, сакам моите деца утре да не морам да им објаснувам, да не мора да го зборуваме ова бидејќи се надевам дека тоа ќе биде наша доблест.

Морам да спомнам дека прв пат кога стапнав во Берлин, таму всушност ја видов вистинската убавина на различностите. Отидов во еден ноќен клуб, често го зборувам ова кога ќе се собереме со друштво и кога ќе фатиме вакви теми, отидовме во еден ноќен клуб, тој беше огромен, сега станал културолошки музеј, имаше различни соби, и како влегуваме гледаме различни луѓе, толку многу различни луѓе, се различно, стил на облекување, начин на зборување, и одеднаш те фаќа страв и си реков чекај да одам до тоалет, и влегувам во тоалет и почнувам веќе да правам муабет, без никаква бариера, со една госпоѓа до мене, таа Хрватица и одма почнавме, се најдовме и си велам wow, треба да стасаме до ова, да не се приметуваат бариерите воопшто. Така да сметам дека сме на добар пат.

Ирена Крџиќ

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Игор Чадиноски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ