• Latest

Гордо – назад и надолу

May 19, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Демократијата не молчи ниту под сирените

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Гордо – назад и надолу

260 милиони евра – нова доза седативи за македонската економија

May 19, 2026 08:50
in ЕКОНОМИЈА, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Кога пациентот е во критична состојба, а лекарите немаат план за долгорочно лекување, најлесно е да му се препише уште една доза седативи. Токму тоа го прави Владата со најновиот заем од 260 милиони евра од странски комерцијални банки, кој експресно, по скратена постапка, се турка низ собраниските процедури.

И лаик за економија може да види дека ова задолжување не е инвестиција во иднината, туку класично смирување на фискалната паника. Како и секој седатив, ќе ја замаскира болката на исклучително краток рок, но кога дејството ќе помине, симптомите на болеста ќе се вратат, само уште пожестоки.

Дејството на овој „седатив“ од 260 милиони евра ќе трае кратко. Фискалниот мир што ќе го купи владата со помош на парламентот, ќе трае некои три до четири месеци. Ако се трошат паметно – а нема – може да ги санираат последиците од беспарицата до шест месеци.

Еве зошто. Оваа сума, 260 милиони евра или околу 16 милијарди денари, е доволна само за да се покрие буџетската дупка во следниот квартал. Парите брзо ќе бидат „проголтани“ од тековните трошоци (плати, пензии и социјални трансфери) за време на летото и раната есен.

Притоа, како што ќе оценат економските аналитичари за ЦИВИЛ, овој заем служи само за да се премости ликвидноста до крајот на годинава и да се вратат некои стари долгови што пристигнуваат на наплата сега. Со други зборови, Владата купува сезонски мир и ништо повеќе. Ефектот на инјекцијата ќе исчезне уште пред да почне зимата, кога државата ќе мора да бара нова, уште поголема доза задолжување на финансиските пазари.

Економската реалност во земјава одамна ги покажува симптомите на хронична неликвидност. Трчањето по странски конзорциуми за сума што е дури и помала од првично бараните 300 милиони евра – да, бараа повеќе – покажува дека државната каса е празна.

Симптоматична е и брзината со која се носи оваа одлука. Зошто законот мора да се донесе „преку ноќ“, со скратена постапка, ако буџетот е стабилен како што тврди власта?

Одговорот е јасен – на системот итно му е потребна финансиска инјекција за да се одржи ликвидноста, да се покријат доспеаните стари долгови и да се закрпат тековните дупки. Прифаќањето на високи камати (6-месечен EURIBOR плус маржа од 2,10%) е само уште еден доказ дека пациентот нема луксуз да бира, туку ја прифаќа првата понудена доза, по која било цена.

Проблемот со седативите е што тие создаваат зависност, а реалните проблеми остануваат нерешени. Последиците од ова „смирување“ на економијата набрзо ќе пристигнат за наплата.

Овие 260 милиони евра нема да изградат фабрики, ниту ќе донесат нов технолошки развој што ќе генерира профит. Тие главно ќе отидат за социјален мир и рефинансирање. Кога парите ќе се потрошат, ќе остане само потежок и поскап долг за враќање. Со други зборови, ќе се разбудиме ненаспани, со тежок економски мамурлак.

Наместо буџетските средства да се трошат за капитални проекти – за подобро здравство, образование и патишта – во иднина сѐ поголем дел од колачот ќе оди за плаќање на каматите кон странските банки. Без изгледи за излез од надолната спирала, а за развој и да не говориме.

За да се вратат овие пари, државата во еден момент ќе мора да ги „стегне“ граѓаните и стопанството. Последица од ова задолжување лесно може да биде зголемување на даночните товари или воведување нови давачки, што дополнително ќе ја задуши домашната економија. Тоа што граѓанките и граѓаните можат да го очекуваат се само повисоки цени и нови даночни шокови.

Да се разбереме. Македонската економија не може до недоглед да се одржува во вештачка кома со скапи кредити. Овие 260 милиони евра ќе купат фискален мир за следните 3-4 месеци, но цената за тој краткотраен мир е превисока.

Парадоксот на нашето секојдневие совршено се отсликува во примитивниот политички фолклор. Додека и понатаму се маршира „само гордо“ со главата горе, реалните економски показатели незапирливо се движат назад и надолу.

Само гордо! Назад и надолу.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ