• Latest

Адмир Лисица за ЦИВИЛ Медиа: Русија не очекувала ваков отпор, што се покажа како погрешно

March 26, 2022

ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

May 20, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Правен удар за Маск: OpenAI ја доби клучната битка

May 19, 2026
Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

May 19, 2026
Vladimir Putin/Xi Jinping
Source - Wikipedia

Кина меѓу Вашингтон и Кремљ: Путин пристигна во Пекинг по средбата Трамп–Си

May 19, 2026

Гордо – назад и надолу

May 19, 2026

Депортацијата на кримските Татари: злосторство чии последици се чувствуваат и денес

May 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

May 18, 2026

Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

May 18, 2026

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Фото: Скриншот од видео на CNBC

    Правен удар за Маск: OpenAI ја доби клучната битка

    Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

    Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

    Vladimir Putin/Xi Jinping
Source - Wikipedia

    Кина меѓу Вашингтон и Кремљ: Путин пристигна во Пекинг по средбата Трамп–Си

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

    Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Адмир Лисица за ЦИВИЛ Медиа: Русија не очекувала ваков отпор, што се покажа како погрешно

March 26, 2022 19:30
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Адмир Лисица, експерт во меѓународна политика и медиумски аналитичар, за актуелната состојба со руската агресија врз Украина и нејзиното влијание на глобално и регионално ниво.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се целите на руската агресија во Украина?

Лисица: Руската агресија врз Украина е долго планирана, за што сведочи континуираното трупање на руска војска на границата со Украина. Службите за разузнавање на Западните земји предупредуваа за агресијата, дури и денот на агресијата беше предвиден, што доволно говори дека руската агресија не е случајно започната. Секако дека истата не претставува „специјална операција“, туку напад на соседна независна држава, токму како што можевме да видиме пред триесет години во Босна и Херцеговина, врз која се изврши агресија од страна на Србија и Црна Гора. Целта на Русија е да завладее со што поголем дел од Украина, но првенствено нивниот интерес е во поврзување на Крим со самопрогласените проруски држави Доњецк и Луганск. Оваа констатација го потврдува и бруталниот напад на приморскиот град Мариупол, исклучително значајна стратешка точка во контекст на реализирањето на споменатата идеја. Секако, исклучително важна за руските интереси е и Одеса, град кој се наоѓа во непосредна близина на уште една про-руска парадржава Транснитрија. Доколку Одеса би паднала во рацете на руската војска, од Молдавија до Русија би бил поврзан еден голем простор со кој што директно или индиректно би се управувало од Москва. Исто така, треба да се има во предвид дека Одеса и Мариупол се приморски градови, така што не треба дополнително да се појаснува нивното значење, а кога на тоа ќе додадеме и дека регионот на Доњецк е исклучително богат со руда, тогаш тука го имаме и економскиот мотив на Путин за бруталната руска агресија. Секако, во првите денови целта беше да се освои Киев и да се инсталира про-руска влада, дури се спомнуваше и евентуално враќање на симнатиот проруски определен Виктор Јанукович, што е спречено со мошне добрата реакција на украинската војска. Сигурно е дека Русија не очекувала ваков отпор, а и ја сметаше Украина за доста послаб противник, што се покажа погрешно.

ЦИВИЛ Медиа: Како агресијата на Русија врз Украина влијае на односите во ЕУ, како и на односите на ЕУ со САД и Велика Британија?

Лисица: Во рамките на Европската унија можеме да забележиме еден вид единство во однос на украинското прашање, што не беше често виден случај во минатото. Европската унија, на изненадување на Русија, настапи многу обединето, па докажа дека оваа заедница сепак ја има потребната зрелост во клучните моменти. Видовме дека Велика Британија и САД исто тако и помагаат на Украина, особено со вооружување, што е неопходно во овие моменти за одбраната на Украина. Некои држави, како што е Германија, сепак до одреден степен и помогнаа на Украина, за што на почетокот се сомневаа во одредени кругови. Факт е дека Велика Британија, САД, земјите од Европската унија, но и земјите од Западен Балкан, со исклучок на Србија, од самиот почеток покажаа јасни ставови кон руската агресија. Ваквиот епилог може да не радува, затоа што Западот во минатото не постапувал толку решително, што особено се гледа во примерот со агресијата врз Босна и Херцеговина. Руската агресија на некој начин омекна и некои од препознатливите пријатели на Путин во Европа. На прво место, унгарскиот премиер Виктор Орбан и чешкиот претседател Милош Земан. Постојат сомневања дека одредени лидери и не се толку искрени во поддршката на Украина, на пример во Украина, медиумите блиски до Орбан понекогаш не дејствуваат во согласност со ставовите на Орбан, кој само пред неколку месеци се фалеше како Путин е еден од лидерите кои најчесто ја посетувал Унгарија. Не треба да се заборават ниту различните деловни врски помеѓу Унгарија и Русија, така што ќе биде интересно да се следи целокупниот развој на случувањата на европската политичка сцена доколку руската агресија потрае и во наредните месеци.

ЦИВИЛ Медиа: Дали санкциите кои Западот ги воведе кон Русија се доволни да го променат курсот на политиката на Владими Путин?

Лисица: Според моменталната констелација на односите на терен, видливо е дека руската страна не е веќе така убедена во својата победа. Воведените санкции се исклучително сериозни и како такви се во голем степен удар за руската економија. Врз основа на мислењата на економските експерти, Русија е под сериозен удар, но се чини дека сите воведени мерки досега не се доволна причина за Русија да ја прекине својата инвазија. Верувам дека руската страна сметала на одреден вид санкции, но дека не можеле да ги замислат единствените ставовите на Европа и САД кон украинската криза. Во текот на 2014 година, кога беше анексиран Крим, или 2008 година по рускиот напад на Грузија, Западот не беше толку одлучен, што претставува еден нов момент за Русија. Колку и да не сакаат  тоа да го признаат, на Русите би им одговарало војната да трае што пократко, затоа што последиците од економските санкции се веќе значаен удар врз руските граѓани. Колку ќе успеат да одолеат во наредниот период, останува да видиме во наредните недели.

ЦИВИЛ Медиа: Дали е можно Русија да ја прошири кризата на Западен Балкан и кои места се најповолни за тоа?

Лисица: Непосредно пред руската агресија врз Украина, Милорад Додик, водач на босанските Срби, се однесуваше како да е лидер на Абхазија, Транснитрија или Јужна Осетија. Во неговата сепаратистичка пропаганда и напади врз државата Босна и Херцеговина имал неофицијална поддршка. Изјавата на рускиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Игор Калабухов, дека поддржува „Независна Република Српска во рамките на Босна и Херцеговина“ е доволен показател дека Русија дава поддршка на Милорад Додик. По агресијата врз Украина, Милорад Додик полека подзапира и престанува да биде агресивен. Сепак, неговиот телефонски разговор со Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во моментот кога споменатиот политичар е санкциониран од страна на поголемиот дел од цивилизираниот свет, доволно говори дека Русија има одредени амбиции на територијата на Босна и Херцеговина. Црна Гора, непосредно пред влезот во НАТО, беше жртва на заеднички српско-руски обид за државен удар, за што одредени поединци кривично беа гонети. По влезот на Црна Гора во НАТО, Русија значително ги намали своите обиди за дестабилизација на Црна Гора, но во текот на владеењето на претходната просрпски ориентирана влада во Црна Гора, повторно постоеше опасност од дестабилизација на ова подрачје. Поради тоа, Босна и Херцеговина и Црна Гора се најпогодно тло за руско дејствување, потпомогнато од српскиот елемент во овие држави, но исто така, треба да се напомене дека во минатото на Русија и биле интересни земји како Бугарија и Северна Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Дали Западот, после руската агресија врз Украина, ќе ја забрза интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и НАТО?

Лисица: Изјавите на официјални лица не одат во таа насока, така што според сегашната ситуација, земјите од Западен Балкан нема да го забрзаат својот пат кон ЕУ и НАТО алијансата. Европските претставници кои ги познаваат состојбите на подрачјето на Западен Балкан, особено на Босна и Херцеговина, доколку сакаат стабилна иднина на просперитет, мора да ја исправат неправдата кон Босна и Херцеговина од деведесеттите години од минатиот век и да и помогнат на нејзиниот пат кон НАТО, односно ЕУ. Приклучувањето на Босна и Херцеговина и останатите земји, првенствено во НАТО, придонесува за регионалната безбедност, што сосема сигурно е еден од предусловите за привлекување нови инвестиции.

Доколку Европа и посакува добро на Босна и Херцеговина, ќе и помогне на нејзиниот европски пат, затоа што Босна и Херцеговина е Европа и нејзината иднина е исклучиво врзана за неа. Актуелната ситуација во Украина ја покажа солидарноста на Босна и Херцеговина, која најдобро знае што е агресија од соседна земја. Босна и Херцеговина, на пример, за разлика од Србија, е со Украина од самиот почеток, без калкулациите кои можевме да ги видиме во случајот со Србија на Вучиќ, за која одредени европски официјални лица и think-thank центри говореа дека е економски тигар и регионален лидер во европската интеграција.

Се надевам дека држењето на Босна и Херцеговина во овие тешки историски настани ќе биде уште еден повик до Европа да застане покрај државата Босна и Херцеговина.

Адмир Лисица е магистер по историја, истражувач во областа на регионални политички односи, меѓународна политика и заедниците на дијаспората. Автор е на две книги, два научни труда, но и неколку десетици анализи и написи во босанските и регионалните медиуми. Учесник е на различни регионални меѓународни конференции и собири, а како предавач има одржано и голем број предавања во Босна и Херцеговина, регионот и дијаспората.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ