• Latest
Фото: Police forensics tent at The Maltings, Salisbury/ Wikimedia commons

Атентатите во западните земји како тактика на руската надворешна политика

April 17, 2023
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Атентатите во западните земји како тактика на руската надворешна политика

April 17, 2023 11:00
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Police forensics tent at The Maltings, Salisbury/ Wikimedia commons

Фото: Police forensics tent at The Maltings, Salisbury/ Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

На 4 декември 2021 година, Германија официјално прогласи дека Русија е осомничена за дрскиот атентат во Берлин минатиот август, пренесува The Cipher Brief.


Германските власти веруваат дека Вадим Красиков, кој моментално е во притвор, е убиецот на етнички чеченeц со грузиско државјанство познат како Зелимхан Кангошвили.

Ова ќе биде првиот познат атентат нарачан од Москва во Германија од крајот на Студената војна.
Дрските атентати во западните земји стануваат се почесто користена тактика на руската надворешна политика.

На 4-ти декември 2021 година, германските власти официјално изјавија дека Русија стои зад дрскиот атентат на поранешниот чеченски воен командант со чеченско грузиско потекло, на улица во Берлин минатото лето. Властите брзо уапсија руски државјанин кој го користеше пасошот на некој по име Вадим Соколов, но кој неодамна беше идентификуван како Вадим Красиков. Красиков беше вмешан во атентат во 2014 година во Москва, сличен на убиството на Зелимхан Кангошвили во август во Берлин.

По завршувањето на самитот во Париз, на кој се собраа лидерите од Русија и Украина, рускиот претседател Владимир Путин го нарече Кангошвили „сурова и крвожедна личност“ и го обвини за вмешаност во бомбашките напади во московското метро во март 2010 година, во кои загинаа 98 луѓе.

Германските власти веруваат дека Москва му овозможила и му наредила на Красиков да патува под лажно име за да го убие Кангошили. Ова ќе биде првата позната операција за нарачан атентат од Кремљ во Германија по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Како одговор на инцидентот, Германија објави протерување на двајца руски вработени од руската амбасада во Берлин, означувајќи ги „персона нон грата (PNG )’ во дипломатска смисла. Русија ги отфрли новите обвинувања, како и сите претходни, нарекувајќи ги „апсолутно неосновани“ и ветувајќи своја дипломатска одмазда.

Но, на Русија не и се туѓи непријателските операции за атентати во странски држави. Во 2006 година, Москва го уби Александар Литвиненко, руски разузнавач кој пребегна во Обединетото Кралство, труејќи го со радијација. Во потег директно од книгата на Кремљ, руската влада ги отфрли доказите дека убила дисидент во Лондон, истовремено велејќи дека Литвиненко ја заслужил својата судбина работејќи против Русија. На тоа убиство се гледаше, како на јасно предупредување за другите кои размислуваат за слични дејствија што може да се толкуваат како нелојални кон Путин.

Тоа предупредување беше засилено во март 2018 година кога руските оперативци употребија Новичок, нервен агенс и хемиско оружје создаден од Русија, за да се обидат да го убијат Сергеј Скрипал, поранешен руски воен разузнавач кој служел како британски двоен агент, и неговата ќерка Јулија, во Солсбери, Англија. Во нападот за малку не беа убиени Скрипалите и еден британски полицаец, а резултираше со смрт на Англичанка по име Доун Старџес, која дојде во контакт со нервниот агенс откако беше фрлен од руските оперативци.

Како и со убиството на Литвиненко од страна на Русија и обидот за атентат од висок профил на Сергеј и Јулија Скрипал, и дватаслучаи покажаа недвосмислени знаци дека меѓународното право нема да ја одврати Москва од спроведување малигни операции на странска почва. Путин сака да биде јасно дека Русија нема да застане пред ништо за да ги замолчи своите критичари или да им се одмазди на своите непријатели. Меѓународните осуди не значат малку за Москва, која се чини дека реагира само на санкции или други казнени мерки. Дури и санкциите и широко распространетите дипломатски протерувања кои следеа по обидот за атентат на Скрипал не го одвратија Кремљ да ги користи овие малигни операции како алатка на надворешната политика.

Русија и поматаму продолжува да се потпира на убиствата спонзорирани од државата како алатка во нејзината  надворешна политика. За Москва, економските трошоци се бледи со оглед на перцепираните придобивки од замолчувањето на критичарите и одвраќањето на идните дисиденти.

Подготви: Д. Мишев

Tags: атентатидисидентиЕУполитички убистваРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ