• Latest

Бачовска: Исполитизираното општество и неказнивоста е причина за говорот на омраза!

October 22, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бачовска: Исполитизираното општество и неказнивоста е причина за говорот на омраза!

Професорката истакна дека треба да се работи и на сензиватизација на граѓаните, односно подигање на нивото на политичка култура, на медиумска култура во борбата против говорот на омраза

October 22, 2019 16:26
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„За едно високо исполитизирано општество како нашето, општество во транзиција кое е полно со проблеми од секаква природа, дали од економска, политичка, меѓуетнички тензии, може да кажеме дека дури и нормално е да има вакви појави како што се нетолеранција и говор на омраза. Ситуацијата е уште полоша кога во денешно време на социјалните мрежи секој може сè да каже без никаква одговорност“, вели професорката Јасна Бачовска Недиќ, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, каде има најчесто говор на омраза.

Таа додава дека социјалните мрежи, првично беа окарактеризирани како една голема победа на демократијата, каде луѓето имаат прилика да говорат и секој да има свој медиум, бидејќи профили на Фејсбук, Инстаграм, Твитер, се всушност сопствени медиуми.

„Секој за релативно малку пари може да направи блог или вебпортал, меѓутоа, гледаме дека после 15-тина години од појавата на овие мрежи ги покажуваат своите негативни појави. Баш таа говорница се злоупотребува, за да се наклевети другиот, да се навреди, да не се толерира и најопасното од сите овие појави е говорот на омразата, каде што луѓето ги навредуваат другите луѓе врз основа на кои групи припаѓаат, како што се жените, лица со различна сексуалната ориентација, етничка или верска припадност… Дополнителен проблем за ваквите појави е неструктуриран медиумски систем, имаме медиуми со ниско ниво на интегритет“, нагласи Бачовска.

Таа истакна дека ние сè уште сме општество каде што граѓаните најчесто се информираат преку традиционалните медиуми, односно се информираат од телевизискиот дневник.

„Доколку би имале еден здрав јавен сервис, како што е МРТВ, доколку се вложува и инвестира, тоа ќе биде еден столб и ќе ги формира стандардите и ќе наметнува еден друг тип на конкуренција на националните медиуми. Ова е типичено за европскиот модел на медиумски систем, не е комерцилајен како американскиот, пример гледаме ББС како функционира, или хрватската и српската телевизија, и гледаме каква улога играат во тие општества“, додаде таа.

Професорката Бачовска потенцира дека треба да се работи и на сензиватизација на граѓаните, односно подигање на нивото на политичка култура, на медиумска култура.

„Всушност, овие нови медиуми ни покажуваат какви сме ние и какви сме во поглед на цивилизацијата и толеранцијата. Треба да се работи на кенвенционален начин, а тоа е преку системот на образование. Во многу европски земји има воведено медумска писменост како дел од образованиот процес.

Европската унија вложува во доживотното учење, дигиталната компетенција е една од осумте компетенции кои се форсираат за доживотно учење. Нас ни треба едукација на просечниот граѓанин, на политичарите кои се доста неедуцирани како да се однесуваат спрема медиумите, како да толерираат, како да не навредуваат, како да имаме еден здрав политички плурализам, а не политичка поларизација“, заклучи Бачовска.

Дехран Муратов
Камера и фотографија: Ангела Петровска
Монтажа: Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ