• Latest

Димитриевски: Македонија е земја на модерни робови!

October 12, 2016

Во тек е хуманитарната акција Топлина за Украина – се приклучуваат фирми, институции и поединци

January 31, 2026

Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

January 31, 2026
Фото: Х/ ВИ

Неонацистичка иконографија во владините објави – администрацијата на Трамп со екстремистичка реторика

January 30, 2026

Мувлосан леб и ѕидови за работникот – фасадирани ѕидови со евра за елитата!

January 30, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите?

January 30, 2026
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Ненаучени лекции: Манипулативна злоупотреба на терминот „хибридни напади“ – кога државата измислува непријатели (17)

January 30, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

ПОЛИТИКО: Мировен договор меѓу Русија и Украина наизглед блиску, но далеку од решението на суштинските проблеми

January 30, 2026

РЕАКЦИИ: Власта не е нормална, реакцијата на работничките протести – идиотска, тешко нам!

January 30, 2026
Сцена од музичкото видео ICE F**K YOU - Scared Ketchup

ICE F**K YOU: Протестна поп-панк експлозија од Scared Ketchup за убиствата во Minneapolis

January 29, 2026

„Streets of Minneapolis“ – протестна песна на Брус Спрингстин за „чизмите на окупаторите“ во Минеаполис

January 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Сцена од музичкото видео ICE F**K YOU - Scared Ketchup

    ICE F**K YOU: Протестна поп-панк експлозија од Scared Ketchup за убиствата во Minneapolis

    „Streets of Minneapolis“ – протестна песна на Брус Спрингстин за „чизмите на окупаторите“ во Минеаполис

    Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

    Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

    ICE Барби ја премина границата за последен пат – Кристи Ноем се соочува со импичмент во Конгресот ако не биде отпуштена или не поднесе оставка

    Скриншот од видео на WGN News

    Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

    Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

    Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

    Илустрација ВИ

    Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

    Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

    Ненаучени лекции: Манипулативна злоупотреба на терминот „хибридни напади“ – кога државата измислува непријатели (17)

    РЕАКЦИИ: Власта не е нормална, реакцијата на работничките протести – идиотска, тешко нам!

    Илустрација ВИ

    Ненаучени лекции: Закон за соодветна и правична застапеност – Заштита или уште еден политички експеримент (16)

    Протест на работниците, Скопје, 28 јануари 2026 (фото извор: Рацин.мк)

    Власта нема монопол врз животот на работниците

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Спасување на платите на црно

    Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

    Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

    Мувлосан леб и ѕидови за работникот – фасадирани ѕидови со евра за елитата!

    Протест на работниците, Скопје, 28 јануари 2026 (фото извор: Рацин.мк)

    Власта нема монопол врз животот на работниците

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Спасување на платите на црно

    Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

    рф продолжува со ракетни напади за време на мразови

    Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Димитриевски: Македонија е земја на модерни робови!

October 12, 2016 13:37
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ, во интервју за ЦИВИЛ Медиа изјави дека, кога станува збор за безбедноста на Македонија, таа е „резултат на нашата Армија и првенствено на граѓаните“, потенцирајќи дека безбедноста не е можна во земја која е „претворена во држава на модерни робови“

Во интерес на безбедноста на граѓанките и граѓаните, не само во случај на природни непогоди, со Димитриевски разговаравме за подготвеноста на Армијата на Република Македонија и на институциите на системот да се справат во кризни ситуации.

ЦИВИЛ Медиа: Колку Македонија е сигурна и безбедна земја во моментов?

ДИМИТРИЕВСКИ: Република Македонија е сигурна и безбедна земја од една едноставна причина, а тоа е присебноста и разбирањето на нејзините граѓани. Ние живееме во турбулентни времиња, соочени со сите денешни предизвици од безбедносен аспект и повеќе од јасно е дека граѓаните се многу посвесни, отколку иституциите и луѓето кои добиле мандат да ги менаџираат и да ги водат тие институции. Настаните на 9-ти и 10-ти мај во Куманово го потврдија тоа. Институциите беа злоупотребени од поединици, беа направени големи пропусти во делот на безбедноста! Се инфилтрира една милитантна група во Куманово, каде што, како живо месо беа упатени претставниците на безбедносните сили кои се соочија со отворен конфликт во којшто имаше престрелки и дводневно пукање. Но, граѓаните на Куманово покажаа дека се многу посвесни и знаат што значи безбедност и стабилност на државата и благодарејќи на нив, таа безбедност и стабилност беше сочувана.

Факт е дека институциите на системот се премногу порозни и тоа поради една и единствена причина – со Република Македонија се владее недомаќински веќе 11 години! Нема суштинско и стратешко планирање во сите сегменти на функционалноста и на функционирањето на државниот апарат.

DSC_0004

ЦИВИЛ Медиа: Актуелниот министер за одбрана прекина интервју поради „чувствителни“ прашања за состојбите во Армијата. До кога Македонија ќе вложува само во полицијата и како вие ги оценувате состојбите во Армијата во моментов?

ДИМИТРИЕВСКИ: Во Македонија во континуитет се случува невидена милитаризација на полицијата веќе 11 години. Средствата од буџетот, кои се планирале во минатото, до 2006 година, биле над сто и дваесет милиони евра на годишно ниво. Денес, се наоѓаме во ситуација тој буџет да достигне едвај осумдесет до деведесет милиони евра, а на крајот на годината, со ребаланс, тој дополнително се скратува. Од друга страна, се милитаризира Министерството за внатрешни работи, кое дел од сегментот одбрана на државата го превзема во свои раце. Тоа е со единствена цел, овој систем со кој владее неодговорната власт на чело со Никола Груевски, да се одржи на власт и покрај тоа што ги политизира институциите на системот и да го користи сегментот безбедност за зачувување на власта. Што значи дека секоја власт која е недемократска, ја користи полицијата – преку монополот за физичко насилство и друг тип на вршење притисоци во јавноста и врз јавното мнение, особено врз граѓаните на денот на изборите.

Прекинувањето на интервјуто од господинот Зоран Јолевски, само го потврдува фактот, на кој што ние како опозиција, во континуитет веќе со години укажуваме дека одбраната во државата е доведена до дно. Факт е дека сме соочени со безбедносни ризици. И настаните со поплавите во Скопје покажаа дека нашите војници беа изложени и оставени на терен самите на себе. Додека сериозни партнерски армии, како НАТО, реагираат со сериозна опрема на терен, нашите војници беа на терен без гумени чизми и гумени ракавици и без основна работна опрема, да не зборуваме за тешка механизација и друга опрема која е потребна во такви ситуации.

DSC_0013

ЦИВИЛ Медиа: Природните непогоди покажаа дека голем дел од системот за превенција не функционира како што треба, како што и самите посочивте. Што недостасува, според Вас?

ДИМИТРИЕВСКИ: Ние не можеме да ги спречиме елементарните непогоди, без разлика која политичка партија е на власт. Граѓанинот нема моќ над природата, а природата секогаш си го зема својот данок, доколку ја чепкате. Но, секако дека можеме истите да ги дочекаме подготвени и да ги превенираме. Кога велам подговени, првенствено мислам на едукација на граѓанството, но и на техничката опременост на институциите кои се задолжени да реагираат во такви случаи.

Сите позитивни акти во државата, од аспект на законски акти, се донесени во периодот од 2004 до 2006 и тие се на сила. Но, за жал, по истите не се постапува. Во овој случај, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување се токму тие најповикани институции во државата коишто во вакви моменти мора да реагираат. Задолжени се согласно законот. Тие институции се крајно политизирани. Во овие две институции државата на годишно ниво вложува некаде околу 8 милиони евра директно од буџетот на Македонија, граѓански пари… Имаме над 800 вработени во иститите институции. Но, тие не се соодветно опремени, ниту оспособени да реагираат во вакви ситуации.

Затоа, уште првиот ден, премиерот Емил Димитриев се спушти на тоа ниво да побара помош во сендвичи и друг тип на храна од пријателските држави?! Јас лично, и во име на опозицијата сум благодарен што сите наши пријателски земји не се штедеа себеси. Веднаш испратија техничка помош на Македонија. Прашањето е дали ние ќе се справевме со оваа тешка ситуација доколку не беа тие. На терен веднаш беше упатена војската, која е задолжена согласно законот со справување со кризи доколку биде побарано тоа од неа, прва да се испрати на терен.

Проблемот со поплавите кои однесоа голем број човечки жртви, а по некои исчезнати сé уште се трага на терен, првенствено дојде поради лошото планирање. Не само на обиколницата, туку и на инфраструктурата на теренот. Луѓето кои се стручни на таа тема, велат дека и пошумувањето е проблем, а имаме пошумување низ цела Македонија во континуитет, но и неконтролирано сечење на шумите. Да не зборувам за сите институции кои се задолжени за следење на метеоролошката состојба и така натаму.

Видете, доколку имаше најмалку три полициски патроли и во истиот момент да ја затвореа скопската обиколница, ние денеска немаше да зборуваме за толкав број изгубени човечки животи. За жал, пропустите се прават на основно ниво. Тоа што ние го правиме како држава, најскапо го плаќаат нашите граѓани коишто ни даваат доверба да ги водиме и да одлучуваме во нивно име. Конкретно, институциите Центар за справување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување се директно задолжени да ја менаџираат оваа криза. Требаше да се формира главен штаб кој ќе ги координира активностите на терен. Таму, на терен, беше сé во стилот на хаосот. Немаше институција што имаше организирана команда и што го менаџираше целиот процес на справување со состојбата и решавање на проблемите на граѓаните.

Само еден податок ќе ви кажам. Самиот министер Јолевски го спомна. Уште во 2006 година, кога на чело беше претставник од редовите на СДСМ, се уредува дека во рок од три часа, а истата уредба е на сила, се формираат брзи интервентни, мобилни единици кои реагираат на терен. Замислете, министерот Јолески во интервју јавно призна дека хеликоптерот полетал дури во 5 часот наутро. Не сакам да го злоупотребувам моментот и да ги обесхрабрувам граѓаните, но мора да кажам дека државата од аспект на техничката подготвеност и на одбраната, нејзината мобилност, е соочена со сериозни предизвици, бидејќи секаде системот е кородиран. Мора да дојде до освестување на политичката елита и до промена на власта, доколку сакаме нешто сериозно да се промени, инаку ќе продолжиме да зборуваме само за аномалиите и пропустите.

DSC_0001

ЦИВИЛ Медиа: Дали тоа значи дека Армијата на Република Македонија, освен во секторот на безбедноста, не е доволно подготвена да се справи и со овој дел од нејзиниот делокруг, како што е справување со природни непогоди? Кои се клучните безбедносни ризици со кои се соочува Македонија и како на нив одговараат државните институции за безбедност?

ДИМИТРИЕВСКИ: Имаме над 8.000 припадници во Армијата и во Министерството за одбрана. Армијата е многу сериозен систем. Многу е тешко да да го урнете. Многу е тешко да го скршите, бидејќи првенствено зависи од волјата на самиот професионалец кој е внатре. И покрај тоа што во континуитет тој систем се разградува однатре, со политизација во војничката хиерархија, и особено со унапредување по партиски, а не по професионален клуч. Сепак, многу е тешко да го растурите тој систем, бидејќи ние таму имаме многу сериозни професионалци кои посветено и доследно си ја вршат својата работна задача што ја добиваат од надредените професионалци.

Дали ќе ги пуштите со ракавици или без нив, војникот повторно ќе си ја изврши својата задача! Тој не знае да каже не можам или не сакам, тој секогаш вели разбирам и ја извршува задачата. Но, прашањето е на кое ниво е моралот на самите војници. Една инженериска единица, конкретно, доведена е во состојба во најголем дел од возилата да не се во исправна состојба и во континуитет не се одржуваат. Тогаш, самиот војник си вели – јас служам во армија која не е компатибилна со стандардите кај што сакам да бидам, а тоа е НАТО и колективните системи за безбедност. Оставени се сами на себе и мора да импровизираат. Тоа не е сериозен пристап. Армијата не смее да преживува, таа секогаш треба да биде на пиедесталот и прва подготвена во секој момент да се соочи со секој безбедносен и одбранбен предизвик.

Со какви предизвици се соочува Република Македонија? Самата бегaлска криза покажа како се соочуваме. Поминааа илјадници и илјадници бегалци низ територијата на Македонија, за државата да се свести и институционално да реагира. Ако се сеќавате, до пред една година бегалците со велосипеди поминуваа по автопатот „Александар Велики“, што укажува на фактот дека државата бледо го набљудуваше тој процес на миграција. И тука, на почетокот, бевме оставени сами да се справуваме со овој голем безбедносен предизвик. Потоа, дополнително е вклучена и Армијата. Луѓето коишто беа таму, професионално завршија голема работа за државата и за нас граѓаните.

Повеќе од неопходно е континуирано инвестирање во одбраната, но суштинско инвестирање. Не може да се доведе еден професионален припадник на Армјата да има само една униформа и да биде испратен на терен и да нема можност да ја смени, затоа што друга нема. А верувајте, постојат такви моменти. Јас сум повеќе од сигурен дека нашите војници се подготвени да поминат преку сите работи во делот на извршување на своите задачи. Но, се поставува прашањето – зошто токму политичарите и елитата која што ја води државата, ја доведе Армијата во таква состојба.

ЦИВИЛ Медиа: Колку ваквата состојба на Армијата, дополнително ја доведува земјата во ризик? Дали вопшто ја доведува во ризик?

ДИМИТРИЕВСКИ: Ние, генерално, ги следиме глобалните текови на безбедноста. Ние сме во центарот на Балканот. Опкружени сме со голем број на држави кои се членки на НАТО. Де факто сме влезени под чадорот на НАТО. Но, проблемот е што ние, како држава, се имаме обврзано да ги следиме НАТО стандардите. Оваа Влада на чело со Груевски, во континуитет, по дебаклот во 2008 во Букурешт, генерира класичен евроскептицизам во јавноста. Тоа првенствено го пласира преку ним блиските медиуми, а подоцна, одредени политички претставници јавно говорат за тоа. Денеска сме соочени со фактот дека Македонија не ги исполнува сите стандарди за полноправно членство во НАТО. Можеби нашите политичари и репрезенти на власта јавно говорат дека ги исполнуваме стандардите, но реалната состојба не е таква.

Инаку, нашата безбедност, што е резултат на нашата Армија и првенствено на граѓаните, не е загрозена суштински, бидејќи проблемите се регионални.

ЦИВИЛ Медиа: Ја спомнавте бегалската криза, аспект кој во моментот не е толку актуелен, но Македонија може повторно да се соочи со неа. Дали власта ја злоупотребува оваа ситуација за добивање политички поени, не само на меѓународната сцена, туку и во земјата?

ДИМИТРИЕВСКИ: Власта ја користи секоја ситуација, бидејќи ова е класично популистичко владеење на политиката, власта ја корисити секоја можност за добивање на сите политички поени во очите на обичниот гласач. Но, трагајќи по поддршка кај обичните граѓани, ние правиме суштински грешки што многу скапо ја чинат државата и ја враќаат многу назад. Пак ќе кажам, еден момент ќе се случат неминовни промени како резултат на волјата на граѓаните коишто ќе резултираат со политички промени во државата. Убеден сум дека ќе дојде нова политичка елита која многу поодговорно ќе им пристапи на работите.

Живееме во држава креирана за група на луѓе кои се на власт! Македонија стана една креација по волја на поединците кои ја водат. Имаме 20.000 задоволни граѓани. Покрај нив, имаме уште шеесетина илјади апсолутни партиски лојалисти кои ги уживаат привилегиите на власта и живеат солидно. Сите останати сме доведени во состојба да бидеме во функција на власта и да им служиме! Македонија е претворена во држава на модерни робови! Тоа не е дозволено во 21 век. Тоа не е дозволено во ниту една држава во Европа.

Да зборуваме денес за општи демократски права на граѓанинот е депласирано. Моментот е дојден. Мора да дојде до сеопшта стабилизација, политичка првенствено, за државата да се придвижи напред, бидејќи граѓаните се веќе уморни од политика. Граѓаните и човекот како битие се создадени првенствено за да творат, создаваат и постигнуваат резултати. Резултатите да ги чувствуваат индивидуално, но и колективно.

 Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Tags: АрмијабезбедноствојскаМаксим ДимитриевскиМВРпартииЦентар за СлободаЦивилчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ