• Latest

Димушевска: Жртвите не лажат дека се жртви на родово базирано и семејно насилство, демнење или силување

September 17, 2021
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Димушевска: Жртвите не лажат дека се жртви на родово базирано и семејно насилство, демнење или силување

Она што го бараат институциите е жртвата да докаже дека е жртва и тоа треба да се смени со новите измени во законот. Треба да и веруваме на зборот на жртвата. Жртвите не лажат дека се жртви. Кој сака да се влечка по судови ако не е жртва и дека не доживеала терор. Жртвите треба да докажат дека се жртва, а на сторителот му ја даваме целата слобода. Не смееме да бараме причина зошто е направено тоа дело, ако делото е направено тогаш треба да одговара сторителот“, вели Димушевска.

September 17, 2021 13:30
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Измените во Кривичниот законик во однос на родово базирано насилство е неопходно да се донеста час поскоро, бидејќи Северна Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвенција уште во 2017 година, и тоа е позитивен чекор. Истанбулската конвенција е првиот документ кој го регулира прашањето за различни форми на насилство врз жени и семејно насилство и ги опфаќа сите области, и превенција, и заштита и гонење на сторители, вели Елена Димушевска, извршна директорка на Национална мрежа против насилство на жени и семејно насилство, во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

Таа вели дека потребни се измени во Кривичниот законик за да се испрати јасна порака до сторителите дека секое дело, односно секоја форма на насилство врз жените ќе биде казнето и со тоа државата ќе покаже дека има нулта толеранција кон насилниците.

„Позитивно е тоа што демнењето е ставено како посебно кривично дело кое беше предложено од Владата и тој текст треба да влезе во собраниска процедура. Ние правиме добри закони и постојано ги унапредуваме на хартија, меѓутоа треба да се имплементира и во пракса.

Најбитно е полицијата да ги препознае жените жртви, па ќе ја испроцесира пријавата до Јавното обвинителство за да следи истрага. Жртвите секогаш знаат дека се демнети, не мора тоа да биде само со физичко следење. Може да биде и со оставање писмо, уништување имот, да се појавува на места каде што жртвата се движи…

Досега праксата покажуваше дека ако некој пријаби тогаш полицијата единсвено го предупредува демначот, меѓутоа може и 5 пати да го предупредат и ништо да не се промени. Она што го бараат институциите е жртвата да докаже дека е жртва и тоа треба да се смени со новите измени во законот. Треба да и веруваме на зборот на жртвата. Жртвите не лажат дека се жртви. Кој сака да се влечка по судови ако не е жртва и дека не доживеала терор. Жртвите треба да докажат дека се жртва, а на сторителот му ја даваме целата слобода. Не смееме да бараме причина зошто е направено тоа дело, ако делото е направено тогаш треба да одговара сторителот“, вели Димушевска.

Извршната директорка на Национална мрежа против насилство на жени и семејно насилство вели дека досега кај нас силувањето беше регулирано само ако имало физичко насилство и закана, кое освен ако не е пријавено за многу кратко време откако е случено, многу тешко се докажува во иднина.

„Жртвите не се секогаш спремни веднаш да го пријават, особено не жените кои доживеале да бидат силувани од блиски лица, односно од брачни или вонбрачни партнери. Доколку доживеат силување од интимниот партнер кај нас и многу тешко е да се докаже. Истанбулската конвенција посебно го регулира силувањето во брак. Позитивно е тоа што согласноста е вклучена во предложените измени“, истакна Димушевска.

Елена Димушевска, извршна директорка на Национална мрежа за борба против насилство врз жени и семејно насилство

Таа додава дека казната треба да е поголема доколку насилството или силувањето го изврши интимниот партнер, за разлкика од непознат сторител.

„Кај нас насилството врз жените во најголем дел, околу 80 отсто го извршува интимниот партнер или некој друг член на семејството. И убиствата на жени најчесто е извршено од интимните партнери покажуваат анализите“…

„Пслихолошкото насилство не е регулирано како посебно кривично дело. Сексуланото вознемирување иако постои како кривично дело, сепак сексуалното вознемирување на интернет не е предвидено, а во последните години се почесто се среќаваме со случаи на сексуално вознемирување на интернет, како што е случајот со „Јавна соба“ која немаше никаква правна разрешница ниту казна за сторителите кои во одреден момент беа идентификувани“, наглси таа.

Димушевска вели дека во соработка со неколку граѓански организации подготвуваат документ кој ќе биде презентиран до сите засегнати лица пред да се изгласа во Собрание.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ