Реакција на Аушвиц Меморијалот по повод (зло)употребата на Давидовата ѕвезда и поистоветување со жртвите на Холокаустот од страна на антиваксерските активисти и групи на социјаните мрежи и на протестите во светот.
„Инструментализацијата на трагедијата на Евреите кои страдаа, беа понижувани, обележувани со жолта ѕвезда и на крајот изолирани во гета и убиени за време на Холокаустот, со цел да се расправаат против вакцинацијата што спасува човечки животи е тажен симптом на морален и интелектуален пад“.