• Latest

Кои сè закони не ги потпишал Иванов?

March 11, 2019

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кои сè закони не ги потпишал Иванов?

March 11, 2019 17:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, сооштија кои 11 закони не биле потпишани од претседателот Ѓорѓи Иванов. „Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, не ги потпиша Указите за прогласување на 6 закони донесени на 28.02.2019 година :

-Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција,

-Закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт,

-Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија,

-Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица,

-Закон за изменување и дополнување на Законот за електронскиte комуникации,

-Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.

Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, не ги потпиша и Указите за прогласување на 5 закони донесени на 04.03.2019 и на 06.03.2019 година:

-Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот за додаде вредност, Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост,

-Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан,

-Закон за изменување и дополнување на Закон Закон за изменување и дополнување на Закон Закон за изменување и дополнување на Закон за субвенционирање на станбен кредит,

-Закон за изменување и дополнување на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Иванов, според образложението, Указите не ги потпишал, бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот, и како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.

Денеска истекува и рокот во кој претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, треба да ги потпише Указите за прогласување на 3 закони кои се донесени со двотретинско мнозинство:

– Закон за изменување и дополнување на Закон за судовите, Закон за прекршоците и Закон за управните спорови.

За овие закони според Уставот, член 75 став 3, претседателот е должен да го потпише Указот, за чие изгласување се потребни 80 пратенички гласови“, се вели во дописот од Кабинетот на Џафери.

Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ