ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ
Во политиката, понекогаш најмногу кажува не она што се прави, туку начинот на кој се разбира реалноста. Истите проекти, истите географски правци, истите безбедносни предизвици – но сосема различни толкувања. Додека за едни Коридор 8 претставува стратешка артерија на безбедноста и поврзаноста во рамки на НАТО, за други тој останува предмет на сомнеж, страв и политички конструкции.
Како политичар и министер во владата на Албанија разбира што преставува важен стратешки интерес на членка земја на НАТО:
„Транспортниот Коридор 8 од Албанија до Црното Море е официјално вклучен во плановите на НАТО и критичната инфраструктура“ изјави албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу, по вчерашниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
А како политичарите од власта на Северна Македонија, кои се преставуваат себеси како патриоти, го доживуваа(т) истиот проект:
„Овој коридор ви поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана. Се поставува прашањето, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја погледнале? Никој од носителите на политички функции не го отвори ова прашање да го продискутира. Тоа е важен коридор, но Македонија има и други важни коридори. Дали направивме некое анкетирање каде ќе потрошиме една милијарда и двесте милиони евра граѓански пари?“ – изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во април, 2023 година.
„Јас сѐ уште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи, дали ќе работиме нов, ќе видиме.“ – изјави Александар Николоски на 17.10.2024 во Брисел.
„Најголем приоритет ми е да ја изградам брзата пруга на Коридор 10, имаме голем интерес за тоа да се изгради таа пруга со висока технологија“, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, 18.09.2024 година.
Разликата е едноставна: едни гледаат стратегија, други гледаат закани. Едни градат иднина, други произведуваат страв. И токму во таа разлика се мери не само политиката, туку и зрелоста на една држава.
Но времето секогаш ги поразува деструрктивните политики на политичарите кои ја спречуваат евро-атланската иднина на државата.
Текстот е личен став на авторот.














































