Одржување безбеден и стабилен регион на Западен Балкан е приоритет за НАТО и за САД, соопшти мисијата на САД во Алијансата на платформата Х.
„Оваа недела, бевме домаќини на шест експерти од Западен Балкан – од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Црна Гора – во седиштето на НАТО, истакнувајќи го нашиот политички дијалог и практична соработка со Западен Балкан“,
На посетата беше истакнато:
-Ангажирање на младите;
-Регионален мир и безбедност; и
-Спротивставување на малигните влијанија, вклучително и дезинформации, хибридни и сајбер закани, поставени и од државни и од недржавни актери.Во седиштето, групата се состана со високи функционери, ги презентираше нивните препораки за политики и размени идеи за виталните чекори потребни за регионална соработка и трансатлантска интеграција, се вели во објава на Мисијата на САД во НАТО на платформата X.
Maintaining a safe, secure, and stable Western Balkan region is both a #NATO and 🇺🇸 priority. This week, we hosted six Western Balkans 🇦🇱🇧🇦🇽🇰🇷🇸🇲🇰🇲🇪 emerging experts for a visit to @NATO HQ, emphasizing our political dialogue and practical cooperation with the Western Balkans.… pic.twitter.com/OWyHjN7JzS
— U.S. Mission to NATO (@USNATO) December 12, 2024
За посетата на НАТО и средбата со заменик секретарот на Алијансата, Радмила Шеќеринска говореше вчера експертот за управување со конфликти, Едвард Џозеф, на четвртиот панел насловен како „Историја и иднина на бескомпромисната посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи“ на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“, каде што истакна дека Балканот бил тема на денот за време на разговорите во седиштето на НАТО во Брисел.
Драган Мишев
ПРОЧИТАЈТЕ И: