• Latest
Добро утро со Орданоски

Мицкоски и Орбан, то су срца два?

May 14, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Мицкоски и Орбан, то су срца два?

May 14, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Б[/dropcap]идејќи денеска – односно, уште од вчера – многумина фатија да го анализираат најновиот развој во преговорите со името, дури и пред да чујат што е ново во тие преговори, јас би сакал за нешто друго… Што, исто така, не е друго.

Имено, повторната минатонеделна дружба на Христијан Мицкоски со еден од водечките конзеравтивни националисти во Европа, Виктор Орбан, овој пат на гости кај словенечкиот национал-козервативец Јанез Јанша, ја зацврстува тезата дека ВМРО-ДПМНЕ и со новото раководство гази сигурно по идеолошките стапки на Никола Груевски, во насока која веќе се докажа како политички губитничка за домашните македонски националисти: мајоритарниот модел на политичка доминација во општеството, каде популизмот е само „чадорот“ за прикривање на националната и религиската исклучивост (иако тие милуваат да тврдат дека се работи за форма на  „толеранција“), се во основата на политичките вредности на идеологијата на Орбан. Многу слично на фашизмот.

Според таквиот модел, не само во Македонија, мнозинската заедница во општеството е онаа која се доживува себеси како суверен домаќин и претставник на првокласните граѓани во државата, а сите останати се гости од кои се очекува помирливост, пристојност и видлив респект во прифаќањето на мнозинската (етнички македонска) култура и придружната православна религија. Отворените или прикриените (завиткани во „демократски“ флоскули) ароганции кон малцинствата (не само етнички, туку, потоа, и секакви други, од јазични и културни, до сексуални и гастрономски!) се прерогатив на мнозинството кое „има историско право“ да го „заштити“ својот опстанок пред „загрозата од инаквите“. Како што видовме, тоа „историско право“ може да се „влече“ и „докажува“ (квази-историски, квази-културно и квази-политички) и од времињата на Александар Македонски, ако е потребно.

Тој длабоко недемократски, антилиберален модел незапирливо прогресира во последните десетина години низ светот во оние општества каде „уплашените“ мнозинства, и во апсолутни бројки и со силината на нивниот културен модел, се изразито поголеми од малцинствата, како во Унгарија и Турција, на пример. Во Македонија, пак, каде повеќе од една третина од граѓаните не припаѓаат на групата на етнички Македонци, тој мајоритарен модел е осуден на произведување нестабилност, па и пропаст. Односно, пропаѓа или моделот или заедничката држава, во зависност од тоа што ќе претегне, а најчесто по тој редослед: прво моделот, па државата.

Цврсто застанувајќи зад овој политички дискурс, Мицковски ќе отиде и подалеку од Груевски: додека Никола градеше еден криминално-национален консензус во општеството (со повеќе, во комунистички манир, само пропагандна употреба на религиската компонента), кај искрениот и посветен верник Христијан равенката е, токму, религиско-национална, со речито бранење на криминалните практики на претходното раководство.

Оваа вредносна пермутација ќе има далекусежни политички последици за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ: повеќето албански политички партии во земјава можат да коегзистираат во владејачка коалиција со македонски националисти, особено кога важен дел од „идеолошкото“ врзивно ткиво е криминалот; но, кога во таква несвета, „безбожна“ коалиција на различни национализми ќе ја додадете верската нетрпеливост, тогаш ни криминалот не успева да им донесе доволна гласачка поддршка на албанските партии меѓу нивните етнички албански гласачи, за да бидат кредибилни партнери на ВМРО-ДПМНЕ.

Резултат? СДСМ и Заев на минатите парламентарни и локални избори „обраа“ десетици илјади етнички албански гласови за својата изборна платформа „Живот за сите!“, бидејќи албанските гласачи подобро ги разбираат проблемите со кои ги конфронтира мајоритарниот систем на владеење, од криминалните профити што им ги затвораат очите на нивните етно-политички претставници. Мицковски, но и оние кои имаат намера во ДУИ повторно да флертуваат со ваквата ВМРО-ДПМНЕ, треба да немаат сомневање дека и на наредните избори ќе им се повтори приказната од претходните, односно дека СДСМ, и во најлош случај (дури, се осмелувам, и со некакво контроверзно решение за името!), ќе добие таман доволно етнички „мешани“ гласови за и понатаму да ја предводи идната власт.

Тој политички потенцијал се нарекува „коалициски капацитет“ на водечките македонски партии во државата, бидејќи овде никој (кој не мести избори), во нормални околности, не може да добие толкаво мнозинство на изборни гласови за да ја игнорира потребата од меѓуетничка коалиција за формирање на секоја нова влада.

Но, нагласеното дружење на Мицкоски со Орбан има и друга димензија која може да го објасни и главниот критериум на Фамилијата за неговиот избор за наследник на Груевски. Сè повеќе станува јасно, а и докажливо, дека Унгарија е важен чувар на парите и на тајните на криминалите на претходната власт. Неколку од доказните постапки во СЈО, сегашните медиумски сопственички мешетарења, идеолошките влијанија, разузнавачките перипетии, пропагандистичките шеми и „европските посредништва“ за ВМРО-ДПМНЕ во голем број случаи почнуваат и завршуваат во Будимпешта. Затоа Мицкоски, дури и ако нема поим за деталите од ваквата криминална опстановка на Фамилијата, мора да биде доверливиот посредник меѓу „обеспасошените“ Груевски и Мијалков и нивниот ментор Орбан.

Македонија, во моментов, можеби не е во состојба отворено да ги преиспита своите односи со Унгарија. Но, порано или подоцна, за почеток, ќе мора да се повика унгарскиот амбасадор во државава, соочен со некои непријатни докази, да даде појаснување за односот на неговата земја кон нашата. Никој не е вечен во политиката, па ни Виктор Орбан. А, како и во случајот со влијанијата од Ердоганова Турција, за нас идеолошкиот „увоз“ од тие земји е прашање на опстанок на општествено-политичкиот систем во кој постоиме како држава и мултиетничка демократија. Ништо лично.

Меѓу другото, ова се и подлабоките политички и идеолошки причини зошто зачестените пропагандни „бомби“ што ги приредуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за „криминалниот режим“ на „кланот Заеви“ одекнуваат како мали, новогодишни петарди…

Под услов, се разбира, и со бизнисите да не се претера!


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: МицкоскиОрбан
Share184TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ