Консензуалниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски на својот Твитер профил напиша дека не е точно дека добил покана за интервју на „Другата страна на политиката“, откако неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова го обвини дека не прифатил.
„Не е точно дека сум добил покана за вакво снимање. Но, разбирам ако Силјановска сакала да си сними сама видео со Река. Она што е сепак загрижувачко е бегање од дебатата на Телма за која нема уште објаснување“, напиша Пендаровски.
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари на својот Фејсбук профил напиша дека видеото не е производство на штабот на кандидатот Блерим Река, ниту пак е нарачано за нивниот штаб.
„Тоа никогаш не е објавбена ниту е нарачана од нашата официјална страница, но на други различни страници на Фејсбук. Автор на ова видео е: „Другата страна на политиката“, која ја има реализирано идејата за трите профили од тројцата претседателски кандидати. На барањето одговори нашиот кандидат, но не од кандидатот на Стево Пендаровски. Од ова настана забуна затоа што луѓето мислат дека двајцата кандидати снимија заедничко видео, а тоа не е вистина. Преку ова официјално соопштение ние ја негираме секоја инсинуација против нашиот претседателски кандидат кој наводно има заедничко видео со противкандидатот Гордана Силјановска“, напиша Таравари.
Силјановска на својот Твитер профил напиша дека заедно со противкандидатот Блерим Река биле на интервју за „Другата страна на политиката“ и дека идејата на интервјуто е да го најдат човекот во нив -претседателските кандидати, а не политичарот.
Авторите на емисијата на својот Фејсбук профил напишаа: „Тие кои прифатија можете да ги видите во ова ексклузивно видео, а за третиот се надеваме на креативна средба кога ќе ни ја отвори вратата на која тропавме“.
А. П.