• Latest

РЕАКЦИИ: Голем број коментари со говор на омраза на прашањето за невладините – да се забранат или обесат – но и низа конструктивни предлози

October 31, 2024

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Голем број коментари со говор на омраза на прашањето за невладините – да се забранат или обесат – но и низа конструктивни предлози

October 31, 2024 14:18
in Uncategorized, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што треба да направат невладините организации за да се зајакне довербата во нив?

Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека навладините организации или треба сериозно да си ја сфатат работата или да се укинат:

Да се укинат.

Да се поактивни

Што треба? Треба да не се газолижачи на партиите на власт! После се само ќе си дојде

Да се затворат сите..99% се со влијание за корупција

Да ја урнат оваа власт!

Едноставно, сите невладини организации да се здружат и да ја срушат криминалната банда на власт. Тогаш сите ќе веруваме дека се невладини.

ВО што е поентата да има толку невладини, ако целта е заедничка и иста -да ја набљудуваат власта секојдневно и да реагираат на девијациите.

Да работат на решавање реални приблеми, а не за што ќе лапнат пари од донаторите и секако да работат волонтерски.

Да станат непартиски а не невладини зошто непартиски е дека не се со Политички Партии а невладини дека ако ВМРО ДПМНЕ е власт да ги фалат СДСМ а ако е СДСМ власт да ги фалат ВМРО ДПМНЕ и да не се исти туку различни невладини организации заклучок да се непартиски а не невладини

Да не го сервисираат системот преку алибични расправи за негово унапредување, туку да се трудат да го променат, да не речам-да го урнат, само како авангардни имаат смисла!

Да бидат невладини: секако.

Една финансова контрола да се пушти но не корумпирана ,да се види кој ги финансира ,да се позатворат половина а и да се смени законот за граѓански здруженија ,да биде построг ,да се врати Законот за потекло на парите ..

Да бидат искрени, транспарентни и чесни ви намерите.

Невладините организации треба да бидат независни иако се декларираат како независни, во поголем број не се независни, да бидат поактивни, реални , отворени, борбени , да не се плашат од власта идр. Да ги застапуваат интересите на народот а не на партиите .

Зависи во која област се. Паметиме водачи на невладини ватрени во сукоб со владата, со институции, организации ( пример со ЕСМ), и финалето е водачот завршува во власта.

Да се угасат.

Треба да се заложат максимално за воведување на Отворените листи, и преку нив за развој на граѓанското општество, и за сузбивање на најголемите проблеми во државата како корупцијата, криминалот, партизацијата и белата чума.

Да се самораспуштат.

Со закон сите да се укинат.

Намножени се како печурки после дожд. Да се намалат на една третина и да почнат да си ја работат работата.

Невладините организации не се финансираат од Владата, туку од проекти од донатори од земји на ЕУ, САД, Норвешка.

Да не одработуваат за нечии туѓи интереси, и да бидат брутално професионални и пред се објективни, а не шливтарија за некого

Да станат „Владини организации“ ! И веднаш рејтингот како на лидерот Жмицко!

Да ги решаваат проблемите за кој се формирани а не да прават корупција со парите што ги добиваат….бидејки допринесуваат за лоша афирмација на нашата држава…Некои кои работат и противзаконито и пртивуставно подитно од надлежните органи да се затворат и забранат ако е демократија не значи и анархија

Некои невладини немаат проблем со довербата, сѐ зависи од пристапот.

Да не постојат.

Да се затворат!

Зошто го поставувате прашањево?  Имаат шанса човеци да истурат бљувотини ….. Што добивате од вака поставено прашање. Одговори и коментари од човеци што никогаш не прашале и не научиле како се добиваат пари?

Да се засукаат и да работат сериозно

Невладини организации не се, тие се владини организации на други држави сигурно.

Невладините организации се ,,пералници за пари од државата“ и треба да се затворат .

Да мобилизираат приврзаници преку почести медиумски презентации на нивните заложби.

За глуп народ под влијание на партии, ништо не размислуваат само повторуваат како папагали што кажува партијата – ништо не можат да направат

Dа не крадат, и ако се не владина организација.

Невладините некаде на западот се надзор на администрацијата односно на ефикасноста на системот, но кај нас веќе се интегрирани во системот со извршната власт.

Да се свика шарена револуција, да се избркаат овие. Бетер се од Ковачевски.

Да се укинат сите до една тие се масло на сатанистите и глобалистите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ