• Latest

Спротивно од неприфатливото

September 15, 2023
Архивска фотографија: Џабир Дерала, Оливер Андонов, интервју (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

КОНТЕКСТ со Оливер Андонов: Етно-политички конфликт – подарок за Русија

March 28, 2026
Одеса, Украина, 27-28 март 2026

Се засилува рускиот терор: погодено породилиште, убиени цивили – Украина се брани

March 28, 2026

„Реалистичен пат“ или реална измама

March 28, 2026

е-Фактура, бидете внимателни!

March 27, 2026

Сесија

March 27, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: Кабинет на Претседателот)

Санкциите против рускиот агресор функционираат – олабавувањето ја финансира војната

March 27, 2026
Никола Младенов (фото извор: ФБ страница „За ликот и делото на Никола Младенов“)

13 години без Никола Младенов – ’рбетот на независното новинарство

March 27, 2026

Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

March 27, 2026
Трамп „прегова“ со Трамп - сатирична објава на Occupy Democrats

ВОНРЕДНО: Објавени првите „протечени“ фотографии од преговорите на Трамп со Иран

March 27, 2026

Граѓанките и граѓаните имаат каде и како: Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ – место за сите (не)пријатни прашања и коментари

March 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Одеса, Украина, 27-28 март 2026

    Се засилува рускиот терор: погодено породилиште, убиени цивили – Украина се брани

    Никола Младенов (фото извор: ФБ страница „За ликот и делото на Никола Младенов“)

    13 години без Никола Младенов – ’рбетот на независното новинарство

    Војна во Иран, 2026 (U.S. Navy photo)

    Иран го отфрла американскиот мировен план и поставува пет услови за крај на војната

    Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

    Меѓу Тел Авив и Техеран: Трамп без јасна стратегија

    1.490 ден: Рекордни воздушни напади, рускиот агресор тргна во пролетна офанзива

    Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

    ДЗР со неповолно мислење за ДИК: системски слабости, неправилности во буџетот, набавки без тендер и хаос во документацијата среде изборна година

    БЛИСКИОТ ИСТОК МЕЃУ ЕСКАЛАЦИЈА И ПРЕСВРТ: Напади на повеќе фронтови, мировен план од Трамп и нестабилни цени на нафтата

    УТРИНСКА ПОШТА: Милановиќ го теши Скопје – ја критикува ЕУ, два милиона евра спорни во ДИК, енергијата како оружје, дезинформациите како фронт

    Запорижја, Украина, 23-24 март 2026

    РУСКИ ТЕРОР: Агресорот ја нападна Украина со 426 дронови и ракети

    Виктор Орбан и Владимир Путин, 2015 (Wikimedia Commons)

    Вашингтон пост: Русија планирала лажен атентат врз Орбан пред изборите во Унгарија

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Архивска фотографија: Џабир Дерала, Оливер Андонов, интервју (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

    КОНТЕКСТ со Оливер Андонов: Етно-политички конфликт – подарок за Русија

    „Реалистичен пат“ или реална измама

    Никола Младенов (фото извор: ФБ страница „За ликот и делото на Никола Младенов“)

    13 години без Никола Младенов – ’рбетот на независното новинарство

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    Граѓанките и граѓаните имаат каде и како: Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ – место за сите (не)пријатни прашања и коментари

    Израелско-српска изборна синтеза за избори и во малите заедници

    Министерство за култура (фото извор: ФБ страница на министерството)

    Девет книги, нула трага – непријатни прашања за конкурсот на Министерството за култура

    Додека светските медиуми јавуваат за скандалите на Орбан, Вучиќ и Јанша, македонската власт „мудро“ молчи

    Нервозен партиски инфлуенсер во гувернерска фотелја носи голема недоверба кон Народната банка!

    Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

    ДЗР со неповолно мислење за ДИК: системски слабости, неправилности во буџетот, набавки без тендер и хаос во документацијата среде изборна година

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Реалистичен пат“ или реална измама

    Сесија

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    Израелско-српска изборна синтеза за избори и во малите заедници

    Блаце, камп за бегалците од Косово, 1999 (Photograph provided courtesy of the ICTY.)

    Косово: Трагедија без целосна одговорност и правда

    Додека светските медиуми јавуваат за скандалите на Орбан, Вучиќ и Јанша, македонската власт „мудро“ молчи

    Нервозен партиски инфлуенсер во гувернерска фотелја носи голема недоверба кон Народната банка!

    Студиото на РТС, 24 март 2026 (скриншот)

    Предизборно лицемерие: РТС одбележува 27 години од бомбардирањето

    Тимчо Муцунски, Марта Кос (фото извор: ФБ страница на Т. Муцунски)

    Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

    Како Европа да седне на „високата маса“ на новиот поредок?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СТАВОВИ

Спротивно од неприфатливото

September 15, 2023 13:50
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Прилично правилно се смета дека нашиот модел на гласање е скоро пропорционален – процентот на гласови отприлика одговара на соодветните бројки на пратенички места од разни партии. Во сите парламентарни избори, изборната комисија (би требало да) има готов калкулатор од Донтовиот метод и никој не се замара со начинот на којшто моделот ја обезбедува таа доволно добра пропорционалност.  (Victor D’Hondt бил белгиски адвокат и математичар, кој го развил алгоритмот во 1880-тите за потребите на парламентарните избори во Белгија). Се разбира, не може никогаш да се очекува вистинска пропорционалност главно заради тоа што во пропорциите излегуваат децимали, дропки, а пратениците не можеме да ги дробиме (колку и да го пожелуваме тоа – да се насмееме малку на нивна сметка). Заради тоа методот има и една многу малечка вродена маана – не е добар за мали бројки од гласачи (од ред на десетици или стотици), бидејќи може да доведе и до нијанси на пререпрезентирање на сметка на друга опција, на која, во споредба со процентот гласови ѝ е одземено некое место.

Алгоритмот е ваков: Се почнува со доделување на еден пратеник на партијата со најмногу гласови Х и веднаш, нејзиниот број на гласови се дели со со 2. Ова „2“ понатаму ќе биде 3, па 4, па 5 итн., односно колку пратенички места добила до тој момент во доделувањето, плус 1. Потоа, пак се споредува бројот на гласови на сите останати партии и Х/2. Ако некоја друга партија има најголем број, на пример У, тогаш таа добива едно пратеничко место и се става У/2. Отприлика како „едно мене, едно тебе“, по ред. Еднократно, формулата за секоја партија е:

број N на пратеници  = број V на гласови /(број s на веќе доделени пратеници +1), каде што „број на веќе доделени пратеници“ е тековна бројка во процедурата до конечниот број пратеници и започнува од 0. N=V/(s+1) накратко, при што s и N растат додека да се „истроши“ циклусот до бараната вкупна бројка од пратенички места.

Еве едно мало примерче од Мариана Фрајбергер во Plus Magazine (кој сака и табеларен приказ, има). Партиите А, Б и В треба да распределат 5 места по Донтовиот модел и за нив гласаат 60 луѓе, со избор на само една партија на ливчето. Да речеме, гласале:

за А: 20, за Б: 15, а за В: 25.

Во проценти тоа е А: 33.33%, Б: 25%, В:41.66%. Според точна пропорционалност, А би добила 1.66 пратеници, Б би добила 1.25 пратеници, а В, 2.083 пратеници. Донтовиот модел ги спасува пратениците да не бидат дробни или децимални, па веднаш доделува 1 пратеник на В (s=1 за В) и го дели почетниот број гласови за В со 2=s+1=1+1.

Сега се А со 20, Б со 15, В со 12.5.

Сега А има најмногу, па А добива 1 пратеник (s=1 за А)  и бројот на гласови за А се дели со 2=1+1. Затоа сега е

А со 10, Б со 15, В со 12.5.

Јасно, сега и Б ќе добие 1 пратеник (s=1 за Б)  оти 15 е најголемата бројка сега. Потоа и 15 се дели со 2=1+1. Така ќе остане

А со 10, Б со 7.5, В со 12.5.

Досега 3 места се пополнија и секоја од партиите А, Б, и В има по 1 пратеник. Значи сега, В е на ред да добие оти 12.5 > 10 > 7.5. Сега В има 2 пратеника и затоа, 25 (првичниот број гласови за В) сега се дели со 3=2+1. Затоа ќе имаме

А со 10, Б со 7.5 и В со 25/3 (8.33 ќе сметаме).

А има најмногу според ова, па петтиот пратеник оди за А. Значи, А добила 2 пратеника, Б добила 1 пратеник и В добила 2 пратеника. Ова значи дека А добила 40% од местата, Б добила 20% и В добила 40%. Но ако споредиме со бројот на гласови, А со 33.33% гласови добила 40% од местата, Б со 25% гласови добила 20% од местата и В со 41.66% гласови добила 40% од местата. Така, А некако добила повеќе од пропорционалното на штета на Б, кој добил помалку од пропорционалното, а В е скоро во ред. Секако, со поголем број на избирачи, ваквите разлики се испеглуваат.

Во светот се користат мал број од познатите методи на гласање  (поточно за определување на пратенички места зависно од соодветниот број на гласови) и тие се малиот број на методи кои што задоволуваат најголем број услови од многу познатиот парадокс на Кенет Ароу (Keneth Arrow, американски економист, математичар, писател и политички теоретичар, добитник на Нобелова меморијална награда за економски науки). Овој парадокс е всушност теорема, правило од системите за одлучување – во нашиов случај систем за репрезентирање на граѓани, кое вели дека не може да се најде електорален систем кој го задоволува максимумот од сите фер критериуми. Едноставно, секој електорален метод, еден или повеќе критериуми на Ароу – просто нема можности да ги почитува. Државата може само да бира од најмалку нефер методите, кој најмалку ѝ пречи – тој да го усвои.

Парадоксот, во суштина, кажува дека ниеден народ не може да е перфектно верно репрезентиран со помала група луѓе, па макар биле тие и бројка споредлива со народот. Донтовиот модел е усвоен претежно во европските земји (без или со варијанти како праг на доволен број гласови како што имавме и тука пред околу 25 години), па и во Европскиот парламент. После 2009 г. таму има интересно дополнување за минимум бројка на пратеници (на пример 6), затоа што Донтовиот метод дава и 0 како број на пратеници кога бројот на гласови е мал. Тоа е во корист на малите земји, додека зема конкретен максимум (на пример, 96) за оние со многу гласови, односно на штета на големите земји. Овие граници со соодветните корист/штета, се земени како фер-дополнување на Донтовиот модел, во смисла на демократска избалансираност – малите да не се изгубат сосем од големите, а големите да не се пресилни кон помалите.

Така, светот навистина се труди максимално да го репрезентира своето население – економисти, правници и математичари се мачат со тешки теореми како парадоксот на Ароу за да се утврди конзистентноста и репрезентативноста на секој електорален модел, до најфина можност. Кај нас, електоралниот модел базиран на Донтовиот метод и не би морал да е толку одличен – оти излезноста е секогаш лоша. Всушност, негласањето и гласањето со неважечки ливчиња во моделот е прилично ирационална постапка, со оглед што негласачите би ја формирале всушност најголемата „партија“, но не се партија, за нивна жал.

Некако како да се замислува, можеби не сосем свесно, дека ако не се гласа, тогаш ќе фалат пратеници да се пополнат сите 120 места! Не е така, туку, едноставно, нерепрезентативно ќе се пополнат, а дека се можни тие работи до казнивост, веќе видовме во режимот. Само да ја видиме таа фантазија, како би изгледала на примерчето од Фрајбергер, кога, на пример, се вкупно 100 луѓе кои имаат право на глас, но гласаат само 60 од тие 100. Ако се проследи слична процедура со А: 20, Б: 15, В: 25 и Г: 40, колку и места да треба да се пополнат, негласачите за Г би пополниле најмногу. Но ги нема! Затоа, нивните места ги земаат А, Б и В. Така, наместо за 5 места резулатот да биде 1,1,1,2 од 4 партии, од кои 2 се за Г, бидејќи за Г не гласаат, т.е. ги нема – би биле само 2,1,2 за А, Б, В соодветно, како кај Фрајбергер. Односно, на сметка на тие што не гласале, партиите А и В „лапнале“ по едно место. А негласачот си сонувал дека некако магично им одзел 2 места! Реалноста е дека им додал 2 места. Значи, негласањето е ирационално и апсурдно.

Најдобар пример за погрешноста на негласањето е обидот за претставување убав „резултат“ со пропагандата после референдумот: Врз основа на поголема неизлезност се тврдеше дека се гласало повеќе „против“ отколку „за“. Што беше пропагандата нон-стоп – милион и двесте илјади граѓани биле „против“ членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, само затоа што не излегле. Тоа е, едноставно, неточно и манипулативно, а самото неизлегување се виде дека беше сама спротивност, и од нормално, и од тактичко гласање преку манипулацијата на повик за негласање. Се знае во кои граници се движи вообичаената излезност. Настрана од тоа, јасно е дека треба да има точна бројка на гласачи како и точна бројка на жители, но за избирачкиот список некако имаме впечаток дека е „надуен“ (и немаме впечаток дека се средува, до каде е таа работа?), а за вториот „не се отвараше врата“, да се сетиме.

Ако Донтовиот и сличните модели малку влечат накај бипартитност, а тоа е уште малку понагласено со поделба на изборни единици, дополнително медумската индустрија и партиската пропаганда го засилуваат тоа до неподнослив тон. Согледувањата за сите што се божемно неутрални или божемно интелектуални, како и оние кои се „вистински Македонци“ („вистинскоста“ е трагичен фалш на едно општество) се наоѓаат во „Вистински Шкот“ од овој јануари и уште повеќе се актуелни сега.

Еве, да земеме дека неизлезноста е факт, можеби и карактеристика на ова општество, со оглед на образложението „немам ЗА кого да гласам“, додека, пак, на ливчињата се заокружува само една опција. Значи, не се пречкртуваат тие што не ги сакаме. Во „Вистински Шкот“ сметам дека немањето „ЗА“-опција, како и определеноста „ПРОТИВ“ можат да се изразат со тактичко гласање (strategic voting), кое се случува токму заради таква мисла – да се превенира непожелен исход. Во нашите услови тоа дури и не е манипулирање на системот како што теориски се смета, бидејќи не се манипулира преференца, со оглед на тоа дека најголемата „партија“ е од негласачи, без преференца. Меѓутоа има и повеќе во тоа. Она што негласачите го замислуваат е всушност бодовен или рангирачки систем, кој во реалноста (Донтовиот метод) воопшто не е тоа. Всушност, Алан Гибард (професор Емеритус по филозофија на Универзитетот во Мичиген, Ен Арбор, од класата на Џон Раулс), за самиот процес на гласање при рангирачки електорален систем, има покажано дека: или се јавува „диктатор“ кој наметнува резултат, или процесот ги лимитира можните исходи на само две опции, или процесот е отворен за тактичко гласање. Нам во главите (и во медиумите) виртуелно ни се случуваат токму овие карактеристики на системот, кои немаат врска со реалноста. Додека првите две опции на Гибард се граѓански неприфатливи, и во реалноста на Донтовиот модел, и во негласачкиот реалм каде што се замислува рангирање, третата карактеристика на Гибардовата теорема – тактичкото гласање, не може да пренесе манипулативен ефект од имагинацијата на негласачкото тело – во Донтовиот модел. Излегува дека, да се излезе и да се гласа ЗА нешто спротивно од неприфатливото се преточува во доста добра репрезентативност. Понатаму тоа би требало да повлече нешто подобро општествено функционирање и барем потсимнување на мејнстрим медиумите од тронот на постојаното политичко коментирање, бидејќи најголемата манипулација за да се оствари неизлезност изгледа како да е медиумско дело, без оглед на евентуално добрите намери.

Извор: Рацин

Tags: изборен законикизбори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Трамп „прегова“ со Трамп - сатирична објава на Occupy Democrats

    ВОНРЕДНО: Објавени првите „протечени“ фотографии од преговорите на Трамп со Иран

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Додека светските медиуми јавуваат за скандалите на Орбан, Вучиќ и Јанша, македонската власт „мудро“ молчи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • КРИТИЧНО: Блискиот Исток влегува во нова опасна фаза од конфликтот – што да се очекува во следните 7 дена

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Најнови податоци од броењето на гласовите од словенечките избори: Разликата меѓу Голоб и Јанша уште помала

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ