Стејт департментот соопшти дека Вашингтон сака да води дијалог со Северна Кореја „во овој момент“, но тоа не може да се случи сега бидејќи Пјонгјанг не пројавил подготвеност да ја запре нуклеарната и ракетната програма.
Портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт изјави дека прво треба да има „период на спокојност“ во кој Пјонгјанг ќе ги запре своите нуклеарни и ракетни проби пред да почнат какви било преговори.
Претходно, државниот секретар Рекс Тилерсон нагласи дека „услов за такви преговори е дека нема иднина за Северна Кореја со нуклеарно оружје“.
„Државниот секретар не воведува нова политика. Политиката не е променета“, изјави Науерт.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.