

Илјадници анализи и коментари, но и карикатури и вицеви кружат на социјалните мрежи поврзани со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата најнова воена авантура на Блискиот Исток. За денеска ја одбравме оваа во која се вели:
„Иранската војна изгледа толку лошо за Трамп и Републиканците што можеби ќе треба да ги објават сите материјали од досието на Епстин како дефокус.“
Да, добра идеја – дефокус на дефокусот.
Daily Boulder е либерално ориентирана веб-страница за вести и мислења која се фокусира на политиката на САД, вонредни вести и коментари, честопати објавувајќи содржини со критички став кон републиканските фигури и движењето МАГА.














































