ДРАГАН МИШЕВ
Додека настапуваше од позиција на опозиција, Влатко Ѓорчев, кој цел живот е пратеник или некаков фунционер со измислена функција од ВМРО ДПМНЕ покажуваше енормна “загриженост” за стабдардот на граѓаните и земјоделците.
Така, во обид за ситни политички поени, таму некаде декември 2021, хистерично објавуваше постови со според него високите (вонсезонски) цени на пиперките и краставиците, за што бараше тогашната влада на премиерот Ковачевски, кого тој во постот го нарекува Таче, да си даде оставка. И тоа Итно, со два црвени извичници.
Сега, истиот тој Влатче, но од позиција на позиција, и тоа со измислена функција на некаков си координатор, уво не го боли што цените скокнаа веднаш по укинувањето на владините мерките, а цените на овошјето се вивнаа до небо во пресрет на летото.
Така, она што сега Влатче не го гледа, или не сака да го види, или пак со сегашните примање не го тангира, килограм цреши се продаваат од 975 до 1.300 денари, зависно од калибражата, додека праските се продаваат по 559, а кајсиите по 655 денари за килограм.
Или е до опозициско-позициската диоптрија на Влатче, или повеќе љуби краставици од цреши.