Со ова им се обраќам како на припадниците на академската заедница (поготово на професорите) кои онака чисто паушално, без никакво познавање на ситуацијата, која е многу покомплексна за еден обичен човечки ум, а кои решиле да навиваат за Путин. Верувам дека дури и најобичните луѓе ќе ги разберат овие мои контра-аргументи за слепата вљубеност во Путин. Јас го разбирам и нивниот ирационален анти-НАТО гнев поради игрите на Европската Унија за нашето членство, бедејќи мора да постои виновник за нашето вечно седење во резервната клупа. Сепак, не разбирам слепо подржување на лидер кој нема допирни точки со ниту една ЧОВЕЧКА И ПРОФЕСИОНАЛНА ВРЕДНОСТ. Покрај множеството од антихумани атрибути со кои изобилува манијакалниот Путин, постојат и многу докази за дискутабилноста на неговите академски квалитети, гледано од аспект на неговиот докторат добиен од Институтот за рударство во Санкт Петерсбург. Ќе се обидам да појаснам за Путиновиот академски краен неморал којшто станал предмет на истражувања на многу истражуачи.
Како и сите останати властодршци (висок функционер кој се уште не е премиер) кои страдаат од нарцисиоидно душевно растројство, така и Путин посака да има сè. Видел дека се доделуваат и докторски звања, па посакал да стане и тој доктор на науки додека е на функција, што е интегрален дел од таа нарцисоидна психолошка матрица (дали ова ви звучи веќе познато?). Еве ги фактите за тој докторат а кои се достапни на мрежата.
1) Прво Путин наоколу говорел дека подготвува докторат од областа на Меѓународното право, но никој не знаел кој е менторот, ниту административно биле видливи тие негови искази. Овие муабети ги лиферувал цели две години за неговата наводна работа на дисертацијата по ПРАВНИ НАУКИ.
2) Наеднаш ова со Правните науки како да исчезнува, но се појавува пријава на докторат на Рударскиот Институт, којшто нема врска со неговото претходно образование (дипломиран правник – меѓународно право). Промената на подрачјето од ПРАВО во ГЕОЛОГИЈА-РУДАРСТВО-ЕКОНОМИЈА е доста невообичаено во светот на поделбите на научно-истражувачките подрачја. Но, тоа за Путин не било никаков проблем, од аспект на злоупотреба на сила и политичка моќ.
3) Објавил и неколку научни трудови од областа на менаџирањето на природните ресурси на Русија во функција на брзиот економски раст. Но, постојат повеќе аналитичари кои посочуваат имиња на тимови од професори за кои се шпекулира дека целосно му го имаат изработено докторатот. Не водејќи сметка, притоа, колку од сопствените истражувања тие вградиле во овој труд на Путин, тие влегле во ПЛАГИЈАРИЗАМ. Затоа, многу научници ја оспоруваат и оригиналноста на овој докторат.
4) Трудовите што ги објавил, исто така, кажуваат релевантните достапни извори, дека му ги напишале други автори, оставајќи трага преку коресподенцијата што ја воделе со уредниците на научните журнали. Путин не се дрзнувал ниту од својата адреса да и сја прави преписката со уредниците.
5) Западни истражувачи со логистика од Руски истражители ја побарале да ја видат и истражат Докторската дисертација на Путин (одбранета 1997), но никако не ја наоѓале. Од Библиотеката постојано им испраќале еден ист одговор: дека дистертацијата е прогласена за ТАЕН ДОКУМЕНТ, што е тотална небулоза, бидејќи високото образование предвидува само јавни истражувања кои конечно завршуваат со ЈАВНА ОДБРАНА. Ако е таен документот, тогаш не може никако да се нарече ДОКТОРАТ!
6) Познавањето на изворите на нафта и гас и минералните суровини во поширок контекст на СССР му дале на Путин многу информации за енергетската самостојнот на Русија, па оттука и неговите чекори за либерализација на пазарот на нафтата и гасот кон светот. Всушност, кога таа докторска дисертација била најдена јасно било дека се работи за стратешко планирање на тргување со природните ресурси на Русија, што не е така лошо, доколку беше тоа негов авторски труд без плагијаризам.
7) Најголемиот извор на природен гас во СССР се наоѓал во Украина (веројатно во Црното море), се додека не било откриено и започнало во 1970 година со експлоатација наоѓалиштето со уште поголем капацитет во Сибир (сегашен Газпром). Оттогаш наоѓалиштето во Украина било запечатено, најверојатно како стратешка резерва на СССР.
Конечно, треба на секој да му се разјасни дека војната овој манијакален лидер не ја води за заштита на Русите од „нацизмот’’ на Украинците. Војната ја води за да стане неприкосновен император на Русија кој ќе ја контролира енергијата на глобален план.
Уште еднаш до колегите и до обичниот народ во Македонија: Путин е диктатор, плагијатор, нарцис со малигно его, умоболник кој ќе го запали светот до пепел од продукти од фисија на ураниум и плуторниум, само да покаже дека е НАЈМОЌЕН на планетава мајка Земја. А вие го ПОДДРЖУВАТЕ. Ве молам размислете малце пред јавно да истапите со љубовни изливи за Путин на социјалните мрежи, зашто еден ден ќе се СРАМИТЕ од самите себе.
Мимоза Ристова / Фејсбук