Трансродовиот ден на сеќавање, познат и како Меѓународен трансродов ден на сеќавање, се одбележува секоја година на 20 ноември, како ден за спомен на оние што биле убиени како резултат на трансфобија. Овој ден се одбележува со цел да се сврти вниманието кон континуираното насилство кон трансродовите луѓе.
Трансродовиот ден на сеќавање е основан во 1999 година од Гвендолин Ен Смит, трансродова жена, како сеќавање за убиството на трансродовата жена Рита Хестер во Алстон, Масачусетс. Во 2010 година овој ден бил одбележан во над 185 градови низ повеќе од 20 земји.
Рита Хестер (30 ноември 1963 година – 28 ноември 1998 година) трансродова жена која била убиена во Алстон, Масачусетс на 28 ноември 1998 година. Како одговор на нејзиното убиство, излевањето на тага и гнев доведе до бдеење на свеќи што се одржал на 4 декември каде учествувале околу 250 луѓе. Нејзината смрт го инспирираше веб-проектот „Сеќавајќи се на нашите мртви“ и Трансродовиот ден на сеќавање.
Сеќавањето, односно одбележувањето на овој ден, обично вклучува читање на имињата на оние кои ги загубиле животите од 20 ноември во поранешната година до 20 ноември во тековната година, и вклучува и други активности, како што се црковни служби, маршеви, уметнички претстави, филмски проекции итн…
Оваа година се убиени 331 транс и полово различни лица, се вели во новиот извештај. Поголемиот дел од убиства се случиле во Бразил, вкупно 130. Мексико има 63 жртви, во САД 30, а Европа број вкупно десет жртви.
Годишниот извештај објавен за одбележување на Меѓународниот транс-ден на сеќавање е составен од Трансперспекција наспроти трансфобија во целиот свет. Извештајот се објавува секоја година од 2008 година и ги следи убиствата што се случуваат секоја година помеѓу датумите од 1 октомври до 30 септември. Оваа година бројот на жртви е малку намален од 369 во 2018 година, на 331 година оваа година.